Адресар на НВОи

ЈАВЕН ПОВИК

За здруженија на граѓани

ГА МОСТ во рамките на програмата Отворени институции ќе изработи Адресар на Здруженија на граѓани, кои се заинтересирани за соработка со Собранието на Р Македонија и другите државни институции.

Здруженијата на граѓани заинтересирани нивните податоци да бидат отпечатени во адресарот, се повикани да пополнат прашалник за профилот и мисијата на здружението.

Краен рок за пријавување е 20.07.2004 год. (вторник), а заинтересираните здруженија прашалникот можат да го најдат на www.most.org.mk или да побараат да им биде испратен на факс.

МОСТ го задржува правото, врз основа на однапред утврдените критериуми, да изврши селекција на пријавените здруженија на граѓани.

Дополнителни информации  на тел: 02/ 32 38 426, или на most@most.org.mk

Заради годишните одмори рокот за пријавување се продолжува до 31.08.2004

 прашалник за превземање>>>

Адресарот кој го подготвивме во текот на изминатите месеци издаден на македонски, албански и англисики јазик, а е достапен во печатена и електронска форма, се надеваме дека ќе придонесе за подобра, поедноставна и побрза комуникација меѓу Собранието на РМ и цивилниот сектор. Една од функциите на ова издание е да обезбеди взаемна информираност на државните институции и цивилниот сектор, пред се помеѓу пратениците на македонското Собрание и НВОи кои се заинтересиран за соработка  или за учество во процесот на донесување одлуки.

  … Press Release

   
Изглед  на печатената верзија Изглед на електронската форма