Активни за Демократија

Основни податоци

Проектот  Активни за Демократија, претставува продолжување на долгорочните напори за подигнување на свеста и зголемување на активизмот кај младите гласачи во државата кои започнаа во 2004 година преку проектот Прв Пат Гласам.  Главните предизвици адресирани од страна на проектот Активни за Демократија се недостатокот од познавање на младите гласачи за теми поврзани со изборите како и нискиот степен на заинтересираност за активно учество во демократските процеси. Исто така, проектот го опфаќа и недостатокот на капацитети на моменталното формално образование за соодветно образование на младите гласачи. Во таа насока, проектот ја третира и потребата за постојано образование на гласачите која претставува еден од предизвиците со кои државата се соочува како и начин за надминување на неправилностите во текот на изборните процеси во државата.

Општи цели:

Општите цели на проектот е придонес кон зајакнување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и преку промоција на потребата од активно учество во демократските процеси.

Специфични цели:

–          Подигнување на свеста на младите гласачи за теми поврзани со изборите како и потребата од  нивно постојано вклучување во демократските процеси.

–          Зајакнување на капацитетите на формалното образование преку пренесување на знаењето за правата и одговорностите на младите гласачи поврзани со изборите.

Планирани активности:

  • Подигнување на свеста кај младите гласачи за проверка во Избирачкиот список пред претстојните Локални избори 2013 година како и интернет комуникација со младите гласачи во текот на изборниот период.
  • Зајакнување на капацитетите на формалното образование преку креирање на дополнителен прирачник наменет за професорите во средните училишта.
  • Спроведување на “Активни за Демократија” јавни настани и кампања на интернет.

Клучни актери: Целната група е воспоставена да опфати 12.000 млади гласачи и 300 професори од сите 94 средни училишта.

Овој проект е финансиски поддржан од Европската Унија.

30.01.2013,Соопштение за медиуми

Граѓанската асоцијација МОСТ започна со реализација на работилници за наставниците од средните училишта кои ја предаваат наставната програма „Образование на животни вештини“. Овие работилници се завршна фаза од проектот „Активни за демократија“, кој започна да се спроведува на почетокот на оваа година, а чија цел е придонес кон зајакнување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и промоција на потребата од активно учество во демократските процеси.

 

Проектот исто така е насочен и кон зајакнување на капацитетите на формалното образование преку креирање на дополнителен прирачник наменет за професорите од средните училишта. Согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Граѓанската асоцијација МОСТ, прирачникот „Активни за демократија-Гласаме“ е подготвен и одбрен да се користи како дополнителен материјал при обработка на теми поврзани со изборите и активното граѓанство во рамките на програмата „Образование за животни вештини“.

 До сега се одржани работилници во средните училишта во неколку града низ државата, на кои присуствуваа повеќе од 200 професори. Работилниците ќе се одржуваат до крајот на јануари 2014 година. Сите заинтересирани училишта сеуште можат да се пријават преку контакт телефоните на МОСТ 02/30 99 384 и 30 99 385.

    

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата 15ти Септември, Граѓанската асоцијација МОСТ  ќе организира отворени настани во 5 градови низ републиката вклучувајќи го и градот Скопје.

На настаните, заинтересираните млади ќе можат да се информираат и да ги прошират своите знаења за кои предностите да се биде активен граѓанин и тоа преку промоција на кампањата “Вклучи се, ако си исклучен!”. Оваа кампања се спроведува во рамките на проектот “Активни за Демократија”.

Настаните ќе се организираат на следните локации:

– Скопје во 11:00 часот пред Луна паркот,

– Тетово во 13:30 часот пред пицеријата Форум,

– Охрид во 18:00 часот пред Чинарот,

– Прилеп во 12:00 часот на главнот плоштад,

– Гевгелија во 17:00 часот на шеталиштето пред маркетот Тедико.

Главните предизвици кои ги адресира проектот „Активни за демократија“ се недостатокот од познавање на младите гласачи за теми поврзани со изборите, како и нискиот степен на заинтересираност за активно учество во демократските процеси. Исто така, проектот посочува на недостатоците во формалното образование за соодветно информирање на младите гласачи. Во таа насока, проектот има за цел да даде е придонес кон зајакнување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и преку промоција на потребата од активно учество во демократските процеси.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Повеќе информации за проектот може да се најдат на интернет страната www.prvpatglasam.org.mk