Граѓански водич низ Собрание

Граѓански водич низ Собранието на Р.Македонија„, брошура во која се содржани работата и функционирањето на највисокиот законодавен дом, правата и обврските на пратениците и можностите за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Првиот чекор за вклучување во процесите на донесување одлуки е запознавање на граѓаните за тоа како работи Собранието и воспоставување на интензивни врски за соработка помеѓу граѓаните и народните избраници.

Брошурата “Граѓански водич низ Собранието на Р.Македонија“ претставува водич низ институцијата Собрание на Р.Македонија, водич во постапката за донесување на закон, а посебно ги разработува начините и можностите за вклучување на граѓаните и НВО-и во процесот на донесување одлуки.

Истата им користи на невладините организации и на граѓаните за да ја осознаат Собраниската постапка за донесување на закони за соодветно да можат да делуваат.

Официјалната промоција на ова издание се случи на конференцијата “Зајакнување на соработката помеѓу Собранието и НВО-и во Р.Македонија“, одржана во почетокот на април 2003, а брошурата беше дистрибуирана до граѓаните, на територијата на  целата држава преку регионалните канцеларии на МОСТ.

Брошурата своја примена најде и како поткрепа на дел од проектите кои што ги реализираше МОСТ, а сите заинтересирани граѓани истата можат да ја превземат на следниот линк:

брошура: Граѓански водич низ Собранието на Република Македонија