Избори 2019

ИЗБОРИ 2019

 

ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА

06.05.2019, Скопје

 

 

ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ ПОМИНА

ВО ФЕР И ДЕМОКРАТСКА АТМОСФЕРА

 

 

Прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека и во вториот круг од изборите граѓаните, овој пат во поголем број, слободно излегоа да го дадат својот глас, а гласањето се спроведе во фер и демократска атмосфера. Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес.

 

 

Изборна кампања

Изборната кампања помеѓу двата круга исто така помина во генерално релаксирана атмосфера со неколку случаи на негативна кампања и присуство на малолетници на митинзите. И помеѓу вториот круг беа организирани соочувања на двајцата кандидати кои им помогнаа на граѓаните да направат информиран избор.

 

 

Спречување на злоупотреба на државни ресурси за изборната кампања

 

Државната комисија за спречување на корупцијата помеѓу двата круга постапуваше по четири приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ во однос на потенцијална злоупотреба на државните ресурси, при што основано ги одби сите приговори. МОСТ го поздравува однесувањето на ДКСК на овие избори затоа што таа покажа како треба да се однесуваат институциите чија цел е да го штитат владеењето на правото и правната држава.

 

 

Избирачки список

Иако на овие избори не беше забележан поголем број избирачи кои не можеа да се пронајдат во Избирачкиот список, сепак МОСТ ја повторува својата препорака дека во најскоро време надлежните институции треба да ги отстранат долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на Избирачкиот список.

 

 

 

Изборна администрација

Иако ДИК ја продолжи позитивната практика од референдумот и при одлучувањето по приговорите во првиот круг не можеше да се забележи гласање по партиски линии, сепак ДИК во четири случаи поништи гласање без да го отвори целокупниот изборен материјал, а тоа е обврска предвидена со Изборниот законик. Исто така, еден приговор беше отфрлен, иако во записникот од избирачкото место имаше забелешка која укажува на тоа дека ИО не го спровел гласањето во согласност со Изборниот законик.

 

Предвремено гласање

МОСТ го набљудуваше спроведувањето на гласањето за 64 избирачки места во кои за гласање се пријавиле 325 болни и немоќни лица, при што не беа забележани посериозни неправилности.

 

Гласањето на лицата во затвор исто така помина во најдобар ред, освен тоа што 277 лица не биле запишани во Избирачкиот список. Оваа бројка укажува на тоа дека треба целосно да се адресира предизвикот со ажурирањето на личните документи на овие лица, со цел истите да бидат запишани во Избирачкиот список и да можат да го остварат своето гласачко право.

 

 

Проекции на резултати врз основа на ПВТ програмата

Врз основа на резултатите добиени од ПВТ програмата за паралелно сумирање на гласовите одѕивот на гласачките места бил 46,55% со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 3,56%.

 

Од вкупниот број гласови, за вториот круг од претседателските избори добиени се следните резултати со максимална маргина на грешка од +/- 0,5%:

 

  1. Гордана Сиљановска-Давкова – 44,93%
  2. Стево Пендаровски – 51,51%

 

Споредба на резултатите од ПВТ програмата со официјалните резултати објавени од ДИК

 

Маргина на грешка +/- 0,5% Одѕив Неважечки ливчиња Гордана

Сиљановска-Давкова

Стево

Пендаровски

ДИК 46,70% 3,60% 44,73% 51,66%
МОСТ 46,55% 3,56% 44,93% 51,51%
Разлика 0,15% 0,04% -0,20% 0,15%

 

МОСТ изразува голема благодарност до сите граѓани кои несебично ги помогнаа напорите на домашно, непартиско набљудување на изборите, како и до сите поддржувачи кои ја помогнаа мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ.

 

 

За набљудувачката мисија на МОСТ

Граѓанската асоцијација МОСТ ги започна активностите за набљудување на изборите на 1 април 2019 година. МОСТ распореди 70 долгорочни набљудувачи во сите општини низ државата кои ги следеа сите аспекти од процесот. Денот на изборите МОСТ го следеше со 1.160 набљудувачи, со што беа покриени околу 33% од вкупниот број на избирачки места. За набљудување на постапката на гласање на болните и немоќни лица и лицата во домашен притвор беа ангажирани 87 набљудувачи во првиот круг и 48 набљудувачи во вториот круг, додека за гласањето на избирачите во казнено-поправните установи беа ангажирани 12 набљудувачи. Исто така, предмет на набљудување беше и работата на ДИК и општинските изборни комисии.

 

Набљудувачите на МОСТ беа статични и ја следеа постапката на гласање во текот на целиот ден. Покрај статичните набљудувачи на гласачките места, Граѓанската асоцијација МОСТ распореди и 100 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои служеа како логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ги набљудуваа оние места на кои МОСТ немаше распоредено статични набљудувачи.

 

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ 02/30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ 21:00 часот

05.05.2019, Скопје

 

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, беа распоредени исто толку набљудувачи, со што беа покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Според податоците добиени од ПВТ програмата, одѕивот на гласачите е 46,55% со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 3,56%.

Од вкупниот број на гласови, добиени се следните резултати со максимална маргина на грешка од +/- 0,5%:

  1. Гордана Сиљановска-Давкова – 44,93%
  2. Стево Пендаровски – 51,51%

Прелиминарната оценка за спроведените избори Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ја соопшти на прес-конференција која ќе се одржи во текот на утрешниот ден, а терминот ќе биде дополнително соопштен.

 

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 19:00 часот

05.05.2019, Скопје

 

Вториот круг од претседателските избори 2019 година МОСТ го набљудува со статични набљудувачи на 33% од вкупниот број на избирачки места. Во текот на денот, за сите забележани неправилности МОСТ известуваше на четири конференции за медиуми. Во периодот од 17 до 19 часот, според потврдените информации забележано беше следното:

  • На ГМ 2659 во општина Кисела Вода, гласач го фотографирал гласачкото ливче, при што реагирал ИО и била повикана полиција. Гласачкото ливче било поништено, а гласањето било прекинато во период од 15 минути.
  • На ГМ 0506/1 во с. Чегране, општина Гостивар, 13 гласачи не биле проверени со УВ ламба, 8 гласачи не биле обележани со спреј, а биле забележани и 4 случаи на семејно гласање.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 17:00 часот е 38,8%, додека до 18 часот е 42,7%.

Последната прес-конференција на која МОСТ ќе извести за резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и рапсределбата на гласовите ќе биде дополнително закажана.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 17:00 часот

05.05.2019, Скопје

 

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, забележано е следното:

  • На ГМ 1049/1, во Куманово, гласач сакал да го напушти гласачкото место без да биде обележан со невидливиот спреј. Била повикана полиција и со нејзина асистенција гласачот бил обележан со спреј.
  • Пред ГМ 0876 во Чешиново-Облешево настанала расправија помеѓу два набљудувачи на различни кандидати. Имено, едниот набљудувач бил обвинет од другиот набљудувач дека им асистира на гласачите каде да гласаат, односно во која просторија да гласаат. Во расправијата се вклучиле и други претставници на кандидатите кои што биле пред гласачкото место по што интервенирала полицијата, ги легитимирала двајцата набљудувачи и ги отстранила од пред гласачкото место. За време на настанот гласањето се одвивало без проблеми.
  • На ГМ 1354 во Прилеп, околу 13:30 часот, во период од 10 минути двајца членови на избирачкиот одбор биле отсутни при што набљудувачи на кандидатите ги обележувале гласачите со спреј.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 14:00 часот е 26,3%, до 15:00 часот е 30,6%, додека до 16:00 часот е 34,8%.

Следната прес-конференција ќе се одржи во 19 часот.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ14:00 часот

05.05.2019, Скопје

 

ГЛАСАЊЕТО СЕ ОДВИВА ВО МИРНА АТМОСФЕРА,

ЗАБЕЛЕЖАНИ ДВЕ ИЗОЛИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, забележано е следното:

  • На гласачко место (ГМ) 2248/1 во Штип, забележано е читање на глас на избирачите.
  • Пред ГМ 0934 во Кратово забележано било присуство на неовластено лице. Била повикана полиција која го отстранила лицето од пред гласачкото место.

 

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11:00 часот е 11,2%, до 12:00 часот е 16,2%, додека до 13:00 часот е 21,3%.

Следната прес-конференција ќе се одржи во 17 часот.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ11:00 часот

05.05.2019, Скопје

 

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без регистрирани неправилности.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 9:00 часот е 3,6%, додека до 10:00 часот е 6,6%.

Следната прес-конференција ќе се одржи во 14 часот.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 09:00 часот

05.05.2019, Скопје

 

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи.  На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации, како и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување на изборите.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи се отворени на време и досега не се забележани неправилности во спроведувањето на постапката на гласање.

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

Потенцираме дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано  “Monitoring 2019“, поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за вториот круг од изборите.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста во во 11:00, во 14:00, во 17:00 и во 19:00 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

04.05.2019, Скопје

 

МОСТ ќе го следи вториот круг од изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи

 

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи вториот круг од изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат гласачките места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Покрај утрешното гласање, МОСТ денес го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување.

Жолтите маички со кратки ракави, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано  “Monitoring 2019“, посебните овластувања од МОСТ за вториот круг и акредитациите од ДИК, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години. МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица, овластување од МОСТ за вториот круг и акредитација од ДИК исклучиво за овие избори.

Во текот на изборниот ден, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

МОСТ ќе ги соопшти сите потврдени информации од набљудувањето на гласањето на денот на изборите на пет прес-конференции, кои ќе се одржат во хотел Александар Палас со почеток во 9:00, 11:00, 14:00, 17:00 и 19:00 часот. По завршувањето на гласањето ќе биде закажана дополнителна прес-конференција на која ќе биде објавена проекцијата на резултатите добиена од програмата од паралелното сумирање на гласовите (ПВТ).

Граѓанската асоцијација МОСТ апелира за одржување на мирен, фер и демократски изборен процес.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, тел. 02/30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА

22.04.2019, Скопје

 

 

ПРВИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ ПОМИНА

ВО ФЕР И ДЕМОКРАТСКА АТМОСФЕРА

 

 

Прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес и на кои имаше соодветна реакција од надлежните органи.

 

 

Изборна кампања

Изборната кампања помина во генерално релаксирана атмосфера. За првпат не беа регистрирани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе кампањата, што е за поздравување. Кампањата се одликуваше со зголемен број на непосредни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања од врата до врата, вклучително и во руралните средини. Регистрирани беа само неколку случаи на негативна кампања и присуство на малолетници на митинзите. За првпат по подолго време бевме сведоци на поголем број дебати помеѓу кандидатите преку кои на гласачите им беше овозможено да направат информиран избор.

 

 

Спречување на злоупотреба на државни ресурси за изборната кампања

МОСТ го поздравува објавувањето на регистарот на службени возила од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи истиот беше од помош на засегнатите страни (медиумите и набљудувачите) да следат и идентификуваат потенцијална злоупотреба на службените возила за потребите на изборната кампања.

 

ДКСК постапи по 13 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ во однос на потенцијална злоупотреба на државните ресурси, при што прифати 3 од нив. Позитивно се оценува ваквото постапување на ДКСК кое придонесе за поголема ажурност и на останатите институции, но сепак треба да се нагласи дека одлуките треба да се носат во согласност со одредбите во Изборен законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, што беше потврдено и со постапувањето по тужбите од страна на Управниот суд.

 

 

Избирачки список

Иако на овие избори не беше забележан поголем број избирачи кои не можеа да се пронајдат во Избирачкиот список, сепак МОСТ ја повторува својата препорака дека во најскоро време надлежните институции треба да ги отстранат долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на Избирачкиот список.

 

 

Изборна администрација

ДИК работеше во ефикасна и колегијална атмосфера и сите одлуки ги донесе едногласно. Позитивно се оценува транспарентноста на нејзината работа, имајќи предвид дека сите седници беа јавни, со забелешка за доцнењето со објавувањето на неколку записници од седниците на Интернет.

 

Позитивно се оценува проактивноста на ДИК и нејзините заложби за подобрување на работата на изборната администрација, овојпат преку подготовка на посебни прирачници за подготовка на обрасците, како и подготовката на Упатство за работата на ОИК и ИО, што беше една од долгогодишните препораки на МОСТ. Сепак, што се однесува до обуката на изборната администрација, забележани беа извесни пропусти во прирачникот за едукација, како и во видео-прирачникот.

 

ДИК спроведе теренска кампања за едукација на гласачите, што исто така беше една од препораките на МОСТ од изминатите изборни процеси.

 

Во текот на изборниот процес ДИК се соочи со хакерски напад на нејзината веб-страница и на компјутерските сервери, кој се одрази на нејзината комуникација со засегнатите страни и набљудувачите.

 

Иако ДИК донесе упатство за работа на општинските изборни комисии во кое прецизно ги дефинираше нивните надлежности и начин на работа, тие, со мали исклучоци, повторно не беа волни за соработка со набљудувачите на МОСТ и не ги известуваа секогаш за одржувањето на седниците или одржуваа т.н. работни состаноци.

 

 

Предвремено гласање

МОСТ го набљудуваше спроведувањето на гласањето на 433 пријавени болни и немоќни лица на 92 избирачки места. Како и секогаш досега, во мал дел од случаите не била почитувана тајноста на гласањето, односно во моментот на гласање имало присутни лица во просторијата каде што се гласало.

 

Гласањето на лицата во затвор исто така помина во најдобар ред, освен што 232 лица не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список поради неажурирани лични документи.

 

 

Правна рамка

Изборниот законик беше изменет во текот на изборниот процес. Измената им овозможи на кандидатите предложени од група избирачи (какви што беа сите три кандидати на претседателските избори) да имаат право на платено политичко рекламирање во медиумите, имајќи предвид дека претходните одредби се однесуваа само на политичките партии. Претседателот на Република Северна Македонија не го потпиша указот за прогласување на законот поради што измената не можеше да влезе во сила.

 

 

Проекции на резултати врз основа на ПВТ програмата

Врз основа на резултатите добиени од ПВТ програмата за паралелно сумирање на гласовите одѕивот на гласачките места бил 41,67% со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 4,33%.

 

Од важечките ливчиња, за првиот круг од претседателските избори добиени се следните резултати со максимална маргина на грешка од +/- 0,5%:

 

  1. Блерим Река – 10,98%
  2. Гордана Сиљановска-Давкова – 44,32%
  3. Стево Пендаровски – 44,7%

 

И покрај тоа што резултатите за првите двајца кандидати беа во маргината на грешка, МОСТ сепак успеа точно да ги проектира резултатите и редоследот на кандидатите во однос на освоените гласови, споредено со првичните резултати објавени на веб-страницата на ДИК.

 

МОСТ изразува голема благодарност до сите граѓани кои несебично ги помогнаа напорите на домашно, непартиско набљудување на изборите и кои беа дел од големото семејство на МОСТ, како и до сите поддржувачи кои ја помогнаа мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ.

 

 

 

За набљудувачката мисија на МОСТ

Граѓанската асоцијација МОСТ ги започна активностите за набљудување на изборите на 1 април 2019 година. МОСТ распореди 80 долгорочни набљудувачи во сите општини низ државата кои ги следеа сите аспекти од процесот. Денот на изборите МОСТ го следеше со 1.160 набљудувачи, со што беа покриени околу 33% од вкупниот број на избирачки места. За набљудување на постапката на гласање на болните и немоќни лица и лицата во домашен притвор беа ангажирани 87 набљудувачи, а за гласањето на избирачите во казнено-поправните установи – 12 Исто така, предмет на набљудување беше и работата на ДИК и општинските изборни комисии.

 

Набљудувачите на МОСТ беа статични и ја следеа постапката на гласање во текот на целиот ден. Покрај статичните набљудувачи на гласачките места, Граѓанската асоцијација МОСТ распореди и 100 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои служеа како логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ги набљудуваа оние места на кои МОСТ немаше распоредено статични набљудувачи.

 

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ 02/30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ22:30 часот

21.04.2019, Скопје

 

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи.  На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, беа распоредени исто толку набљудувачи, со што беа покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Според податоците добиени од ПВТ програмата, одѕивот на гласачите е 41,67% со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 4,33%.

Од важечките ливчиња, за првиот круг од претседателските избори добиени се следните резултати со максимална маргина на грешка од +/- 0,5%:

  1. Блерим Река – 10,98%
  2. Гордана Сиљановска-Давкова – 44,32%
  3. Стево Пендаровски – 44,7%

НАПОМЕНА: Поради фактот што резултатите за првите два кандидати се во маргината на грешка, НАПОМЕНУВАМЕ дека во официјалните резултати може да има промена во редоследот на првите два кандидати според освоените гласови.

 

Прелиминарната оценка за спроведените избори Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ја соопшти на прес-конференција која ќе се одржи во текот на утрешниот ден.

 

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 19:00 часот

21.04.2019, Скопје

 

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ:

  • Фотографирање на гласачките ливчиња е забележано на 3 гласачки места – ГМ 1515 во село Обршани, општина Кривогаштани, ГМ 1969 во Тетово и ГМ 1080 во с. Тромеѓа, општина Куманово. Во сите овие случаи забележана е соодветна реакција на ИО и на полицијата. ИО направиле записници, а полицијата ги привела овие гласачи.
  • На ГМ 2778 во општина Кисела Вода, додека ИО проверувал дали одреден гласач бил запишан во Избирачкиот список, истиот веќе гласал, но пред да го стави ливчето во кутијата ИО увидел дека гласачот не е запишан во ИС. ИО не му дозволил да го стави ливчето во гласачката кутија, туку по консултација со ОИК, ИО истото го поништил со откинување на долниот десен агол.
  • На ГМ 0497 во с. Ново Село, општина Маврово и Ростуша, откинати се 8 гласачки ливчиња заедно со серискиот број. ОИК го инструирала ИО, кога ќе заврши гласањето, серискиот број на тие ливчиња да биде откинат и да биде залепен на кочанот.
  • На ГМ 0771, с. Козица, општина Кичево, кое се наоѓа во иста просторија со ГМ 0770, гласачко ливче od 0771 по грешка е ставено во гласачката кутија за ГМ 0770. ОИК дала инструкција случајот да биде внесен во записник.
  • НА ГМ 0219, с. Добрушево, општина Могила, гласач ја турнал гласачката кутија при што една од сигурносните ленти се скинала. Биле повикани ОИК и полицијата при што лицето било приведено. Гласањето било прекинато во период од 20 минути, по што истото продолжило.
  • На ГМ 0947 во Крива Паланка, 3 граѓани не биле запишани во Избирачкиот список, додека на ГМ 1320 во с. Велмеј, општина Охрид, бројот на вакви граѓани е 10.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 14 часот е 25,1%, до 15 часот е 28,7%, до 16 часот е 31,8%, до 17 часот е 34,9%, додека до 18 часот е 38,2%.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ14:00 часот

21.04.2019, Скопје

 

ГЛАСАЊЕТО СЕ ОДВИВА ВО НАЈДОБАР РЕД,

БЕЗ ПОСЕРИОЗНИ НЕПРАВИЛНОСТИ

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности.

Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности:

  • На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.
  • На ГМ 1385/1 во Прилеп, откако едно гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2%, до 12 часот е 15,9%, додека до 13 часот е 20,8%.

Следната прес-конференција ќе се одржи во 19 часот.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ11:00 часот

21.04.2019, Скопје

 

МОСТ ги демантира информациите кои се појавија во медиумите дека на првата прес-конференција одржана во 9:00 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во општина Студеничани. Напоменуваме дека официјалните соопштенија на МОСТ се испраќаат од меил адресата press@most.org.mk

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното:

  • ГМ 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денес нема да се спроведува гласање.
  • На ГМ 0531, с. Здуње, општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачи ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 9 часот е 3,7%, додека до 10 часот е 6,6%.

Следната прес-конференција ќе се одржи во 14 часот.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 09:00 часот

21.04.2019, Скопје

 

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи.  На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи, освен ГМ 2344 во општина Студеничани поради тоа што лицето кое има клуч од просторијата во која е сместено ГМ одбива истата да ја отклучи. Останатите набљудувачи се на избирачките места и досега не забележале проблеми при набљудувањето на процесот.

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

Потенцираме дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано  “Monitoring 2019“, поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за овие избори.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста во уште три наврати, и тоа во 11:00 часот, во 14:00 часот и во 19:00 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите.

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

ИЗБОРИ 2019

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

20.04.2019, Скопје

 

МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи

 

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат гласачките места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Покрај утрешното гласање, МОСТ денес го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување.

Жолтите маички со кратки ракави, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано  “Monitoring 2019“, овластувањата од МОСТ и акредитациите од ДИК, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години. МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица, овластување и акредитација исклучиво за овие избори.

Во текот на изборниот ден, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

МОСТ ќе ги соопшти сите потврдени информации од набљудувањето на гласањето на денот на изборите на четири прес-конференции, кои ќе се одржат во 9, 11, 14 и 19 часот. По завршувањето на гласањето ќе биде закажана дополнителна прес-конференција на која ќе биде објавена проекцијата на резултатите добиена од програмата од паралелното пребројување на гласовите (ПВТ).

# # # # #

 

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, тел. 02/30 99 384

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Leave your comment