ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2017

Име на проектот: Домашно набљудување на локалните избори 2017

Цел на проектот: Придонес кон транспарентен изборен процес, преку непартиско набљудување на сите сегменти од изборите.

Специфични цели на проектот:

  • Да обезбеди учество на граѓаните во процесот на непартиско набљудување на изборите;
  • Да ja подигне свеста кај граѓаните за проверка на податоците во Избирачкиот список и заштитата на избирачкото право.
  • Да осигура почитување на: Изборниот законик и поврзаните закони и процедури, човековите права и постапката на спроведување на гласањето на избирачките места.

Проектни активности:

  • Набљудување на предизборниот период (активностите на политичките партии, државните и јавните институции на централно и локално ниво, единиците на локалната самоуправа и др.);
  • Набљудување на работата на изборната администрација (Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, избирачките одбори);
  • Набљудување на изборната кампања;
  • Регрутирање и обука на волонтери за домашно набљудување на изборите;
  • Набљудување на предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица, лицата во затвор или (куќен) притвор и лицата кои гласат во странство;
  • Набљудување на денот на гласање (набљудувачи на избирачките места, мобилни тимови, ПВТ набљудувачи и набљудувачи во ОИК и ДИК);
  • Набљудување на постизборниот период;

Граѓанската Асоцијација МОСТ ви го презентира Финалниот извештај од набљудувањето на Локалните избори 2017.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори со повеќе од 1.000 набљудувачи, со што беа опфатени околу 50% од гласачките места во секоја од општините во кои се спроведуваше втор круг. За набљудување на гласањето на болните и немоќни лица и лицата во домашен притвор беа ангажирани 39 набљудувачи кои ја следеа работата на 47 избирачки одбори, а за гласањето на избирачите во казнено-поправните установи – 12. Исто така, предмет на набљудување беше и работата на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии.

Набљудувачите на МОСТ беа статични и го следеа процесот на гласање во текот на целиот изборен ден. Покрај статичните набљудувачи на гласачките места, Граѓанската асоцијација МОСТ распореди и 45 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои служеа како логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ги набљудуваа оние места на кои МОСТ немаше распоредено статични набљудувачи.

Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека и во вториот круг од локалните избори граѓаните слободно излегоа да го дадат својот глас, а гласањето се спроведе во фер и демократска атмосфера. И овој пат бевме сведоци на брза и ефикасна реакција на институциите во текот на гласањето во однос на забележаните неправилности во, и надвор од гласачките места. Во овој изборен круг исто така беа отстранети техничките предизвици при спроведувањето на гласањето кои беа забележани во првиот круг. Во текот на денот набљудувачите најчесто јавуваа за случаи на групно/семејно гласање и фотографирање на гласачките ливчиња, но мора да се истакне дека фреквенцијата на сите видови забележани неправилности беше намалена, споредено со првиот изборен круг.

Гласањето на болните и немоќни лица пред денот на изборите на оние избирачки места каде што МОСТ имаше свои набљудувачи генерално беше спроведено во согласност со процедурите, освен што еден избирачки одбор не ја носел со себе гласачката кутија, а во неколку случаи не била запазена тајноста на гласањето. Гласањето на лицата во затвор се спроведе со истиот проблем како и во првиот круг, односно поголем број на лица не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список.

МОСТ изразува голема благодарност до сите граѓани кои несебично ги помогнаа напорите на домашно, непартиско набљудување на изборите, како и до сите поддржувачи кои ја помогнаа мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ.

# # # # #

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

  • На 9 гласачки места во општина Тетово – 2080, 2081, 2082, 2083, 2084, 2085, 2086, 2087, 2088, имало прекин на електричната енергија во период од околу 1 час. Гласањето не било прекинато во овој период, бидејќи имало услови за истото да продолжи.

Непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори

  • ГМ 2901, општина Чаир, гласач гласал без претходно да биде проверен во избирачкиот список. По гласањето се увидело дека истиот не е запишан во избирачкиот список во ова избирачко место, туку во соседното ИМ. Била повикана ОИК, направен бил записник, а гласањето било прекинато 15-20 мин. Избирачките одбори од двете гласачки места направиле записник за случајот, а гласачкото ливче ќе се смета за важечко.
  • ГМ 0887, с. Спанчево, општина Чешиново-Облешево, на гласач не му било дозволено да гласа, зашто веќе имало потпис на неговото место во избирачкиот список. Била повикана ОИК и бил направен записник. Лицето поднело приговор до ДИК, но ДИК истиот го одби.
  • ГМ 2531/1, општина Гази Баба, еден гласач гласал иако имал мали траги од невидливото мастило. ИО со седум гласа ЗА и три гласа ПРОТИВ одлучил да му дозволи да гласа и направил записник за случајот. Напоменуваме дека замениците можат да учествуваат во работата на ИО, само во случај на отсуство на членовите.

Технички проблеми со изборниот материјал

  • ГМ 2509, општина Гази Баба, еден гласач не можел да гласа. На ова гласачко место недостига една страница од избирачкиот список, поради двојно печатење на друга страница од истиот. ИО направил записник за случајот.

Проблеми предизвикани од неовластени лица

  • Село Ваташа, општина Кавадарци, пред Спомен домот во кој се сместени гласачките места 0691 и 0692 имало присуство на неовластени лица. Полицијата реагирала и ги отстранила овие лица.

Непочитување на постапката на гласање од страна на гласачи

  • ГМ 2657, општина Кисела Вода, зад параванот било пронајдено гласачко ливче. ИО го поништил ливчето и направил записник за случајот. За случајот расправаше и ДИК на својата седница и ја потврди одлуката на избирачкиот одбор.
  • ГМ 0673, општина Кавадарци, гласач го фотографирал гласачкото ливче позади параванот. ИО реагирал, била повикана ОИК и полиција и направен бил записник за случајот.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

  • ГМ 1238 и 1239, општина Демир Капија, забележани се поголем број лица кои гласаат со придружба, 21 во првиот и 23 случаи во вториот случај. Избирачките одбори ја почитувале постапката и ги евидентирале имињата на лицата кои помагале во дневникот од Избирачкото место.

Непочитување на постапката на гласање и реакција од избирачките одбори

  • ГМ 2957 и 2958, општина Шуто Оризари, забележани се по 5 случаи на семејно гласање, додека пак на ГМ 2959, исто во општина Шуто Оризари, забелжани се 8 вакви случаи.
  • На ГМ 2929 и 2930 во општина Бутел, два гласачи се потпишале на несоодветно место во избирачкиот список. Избирачките одбори направиле записници за двата случаи.
  • ГМ 2955, општина Шуто Оризари, 3 случаи во кои членовите на ИО им помагале на лица да гласаат и им укажувале за кого да гласаат.
  • ГМ 0223, с. Мојно, општина Могила, член на ИО му помогнал на едно лице да гласа.
  • ГМ 0440, с. Неготино, општина Врапчиште, УВ ламбата не функционира од 13 часот. ОИК не била известена за ова, а гласањето не било прекинато.
  • ГМ 0886, с. Бање, општина Чешиново-Облешево, гласач одбил да биде обележан со невидливо мастило и му било дозволено да гласа.

Технички проблеми со изборниот материјал

  • ГМ 2960, општина Шуто Оризари, гласањето било прекинато во период од половина час поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Направен бил записник, а гласањето продолжило.
  • ГМ 2949, општина Бутел, гласањето било прекинато во период од 20 минути поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Член на ИО набавил нова ламба од ОИК, направен бил записник и гласањето продолжило.

Непочитување на постаката на гласање од страна на гласачи

  • ГМ 2928, општина Чаир, Гласач го фотографирал глсачкото ливче, повикана била полиција и гласањето било на кратко прекинато. ИО направил записник за случајот.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

  • ГМ 1471, село Дебреште, општина Долнени, 9 случаи на семејно гласање при што се злоупотребени 27 гласа. Дополнително, на ова место се забележани 3 случаи во кои лицата кои им асистирале на гласачите кои не можеле да гласаат сами не биле заведени во Дневникот од избирачкото место.
  • ГМ 1472, село Лажани, општина Долнени, 9 случаи на групно гласање во кои се злоупотребени 20 гласови.

Непочитување на постапката на гласање од страна на избирачките одбори

  • ГМ 0888, с. Видовиште, општина Зрновци, три гласачи биле обележани на левата, наместо на десната рака.

Проблеми предизвикани од неовластени лица

  • ГМ 2968, општина Шуто Оризари, забележано е неовластено лице кое агитирало во гласачкото место.

Непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи

  • Фотографирање на гласачки ливчиња е забелеажно на ГМ 1531, општина Пробиштип и ГМ 2959, општина Шуто Оризари.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

 080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.000 набљудувачи. На гласачките места се распоредени 910 набљудувачи кои покриваат околу 50% од гласачките места во рамките на секоја од општините во кои се спроведува гласање.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 45 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.

Дополнително, 35 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. Гласањето се одвива тековно и досега нема информации за било какви неправилности на гласачките места.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста на уште три конференции за јавност и тоа во 13:00 часот, во 17:00 часот и во 20:00 часот.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

 080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи вториот круг од локалните избори со повеќе од 1000 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 910 набљудувачи кои ќе покријат околу 50% од гласачките места во рамките на секоја од оние општини во кои ќе се гласа во недела.

Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и 45 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат оние места на кои МОСТ нема да распореди статични набљудувачи.

Дополнително, работата на општинските изборни комисии ќе биде набљудувана од 35 набљудувачи, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Покрај утрешното гласање, МОСТ денес го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

Жолтите маички со кратки ракави, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано  “Мониторинг 2017“, новите овластувања од МОСТ за вториот круг и акредитациите од ДИК, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години. МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица, овластување на МОСТ за вториот круг и акредитација од ДИК исклучиво за овие избори.

Во текот на денот, граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, може тоа да го сторат преку бесплатната телефонска линија 080 080 080 или преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Сите потврдени информации од набљудувањето на гласањето на денот на изборите, МОСТ ќе ги соопшти на четири прес-конференции, кои ќе се одржат во 9:30, 13:00, 17:00 и 20:00 часот.

Граѓанската асоцијација МОСТ апелира за одржување на фер, демократски и мирен изборен процес.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Граѓанската асоцијација МОСТ ги започна активностите за следење на изборниот процес со започнувањето на изборната кампања. Распоредени беа 80 долгорочни набљудувачи во сите општини низ државата кои ги следеа сите аспекти од изборниот процес. Изборниот ден МОСТ го следеше со околу 2.500 набљудувачи, притоа покривајќи околу 50% од вкупниот број на избирачки места, како и околу 50% во рамките на секоја општина. За набљудување на гласањето на болните и немоќни лица и лицата во домашен притвор беа ангажирани 87 набљудувачи, а за гласањето на избирачите во казнено-поправните установи – 13. Исто така, предмет на набљудување беше и работата на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии.

Набљудувачите на МОСТ беа статични и го следеа процесот на гласање во текот на целиот изборен ден. Покрај статичните набљудувачи на гласачките места, Граѓанската асоцијација МОСТ распореди и 100 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои служеа како логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ги набљудуваа оние места на кои МОСТ немаше распоредено статични набљудувачи.

Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 80-те регионални координатори, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека првиот круг од локалните избори се одржа во фер и демократска атмосфера, а граѓаните слободно излегоа да го дадат својот глас.

Задачата на домашните набљудувачи на изборниот ден е да придонесат кон транспарентност на изборниот процес, преку информирање на јавноста за текот на гласањето и начинот на кој институциите го спровеле процесот. Сакаме да потенцираме дека извештаите на МОСТ во текот на изборниот ден содржат информации за однесувањето на сите чинители во изборниот процес и објаснувања за постапувањето на институциите во текот на неговото спроведување.

Врз основа на добиените информации од набљудувачите сакаме да ја поздравиме брзата и ефикасна реакција на институциите во текот на гласањето. Сите изолирани случаи на фотографирање на гласачки ливчиња беа навремено и ефикасно адресирани од страна на избирачките одбори, во соработка со полицијата која овозможи соодветно спроведување на законските одредби, што не беше случај во минатото. Ова придонесува кон спречување на притисоците врз граѓаните слободно да гласаат. Полицијата исто така беше ефикасна и при отстранувањето на неовластените лица кои беа присутни пред и во дел од објектите во кои се сместени гласачките места.

На избирачките места каде што беа забележани технички предизвици при спроведувањето на гласањето, избирачките одбори и општинските изборни комисии навремено и ефикасно реагираа. На овие избори се формираа нови 3.480 избирачки одбори од страна на ОИК и дел од предизвиците во нивната работа се резултат на невоедначената обука која ја добија од страна на општинските изборни комисии, односно тие не постапуваа унифицирано во сите случаи. МОСТ забележа низа на случаи во кои избирачките одбори не дозволуваа гласање во име на друг и семејно гласање. Исто така, значително е намален бројот на лица кои се изјаснувале како неписмени и барале помош за да гласаат.

Во однос на гласањето на болните и немоќни лица спроведено пред денот на изборите, на овие избори продолжи трендот на намалување на бројот на ваквите лица, кој според официјалните податоци на ДИК изнесуваше 5.025 лица.

Гласањето на лицата во затвор генерално беше спроведено во согласност со законските одредби. Сепак, слично како и на претходните избори, 415 од вкупно 1.882 лица во затвор или притвор не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список, најмногу од нив во КПД Идризово – 351 лице. Причината за ова било тоа што најголем дел од нив имале неважечки лични документи.

МОСТ изразува голема благодарност до сите граѓани кои несебично ги помогнаа напорите на домашно, непартиско набљудување на изборите, како и до сите поддржувачи кои ја помогнаа мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ.

# # # # #

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

Непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори

• ГМ 0445, с. Градец, општина Врапчиште, претседателот на ИО стоел зад параванот додека луѓето гласааат.

• Забележано е семејно гласање во гласачките места 0440, 0445 и 0447, во општина Врапчиште – вкупно 20 случаи во кои биле злоупотребени 44 гласови.

• ГМ 0951, општина Крива Паланка, гласањето било прекинато 1 час поради тоа што ИО увидел дека недостигаат 2 ливчиња во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник. Била повикана и ОИК која им дала инструкција да откинат 2 ливчиња од кочанот за избор на совет и да ги стават во гласачката кутија. По затворањето на гласачкото место ќе утврдат за што станува збор.

• ГМ 1124, с. Слупчане, општина Липково, УВ ламбата не се користела во периодот од 16:45 па се до затворањето на гласачкото место.

 

Технички проблеми со изборниот материјал

• ГМ 1722, општина Струмица, сериските броеви на кочанот со гласачки ливчиња не се последователни. ИО не ја повикале ОИК и одлучиле да продолжат со гласањето, но направен е записник. Истата ситуација е забележана и на ГМ 1063 во општина Куманово.

• На ГМ 2516 и 2519 во општина Гази Баба им биле помешани печатите. ИО од 2519 го забележал ова во 16 часот и ја повикал ДИК. Гласањето било прекинато во двете гласачки места во период од 25 минути. Направен бил записник и гласањето продолжило.

• ГМ 2539/1, општина Гази Баба, во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје имало 15 гласачки ливчиња за избор совет на град Скопје, но имале иста боја како ливчињата за избор на градоначалник. Гласањето било прекинато 20 минути, 15-те ливчиња биле поништени, направен бил записник и гласањето продолжило.

 

Проблеми предизвикани од неовластени лица

• Продолжил поткупот пред и во просториите на ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари.

• Неовластени лица пред средното училиште Никола Карев во Струмица ги евидентирале гласачите.

• На неколку метри од ГМ 0858 во општина Кочани, имало собрано поголема маса на неовластени лица. ИО веднаш повикал полиција која ги отстранила лицата.

 

Непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи

• ГМ 2052, с. Горно Седларце, општина Боговиње, гласач физички нападнал член на ИО. Членот на ИО неколку пати побарал од гласачот да му ја покаже личната карта, но тој не сакал и ја фрлил кон него личната карта. Била повикана полиција и во присуство на полицијата физички го нападнал членот на ИО. Напаѓачот бил приведен од страна на полицијата.

• ГМ 1582, општина Струмица, гласач го фотографирал гласачкото ливче. Иако ИО реагирал и направил записник, сепак му дозволил да го стави ливчето во гласачката кутија.

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

Непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори

  • ГМ 2762, општина Кисела Вода, на гласач кој имал траги од мастило не му било дозволено да гласа. Гласачот почнал да протестира, биле повикани претставници од ОИК кои на членовите на ИО им пренеле дека треба сами да одлучат дали ќе му дозволат да гласа. Гласачот почнал и да се заканува, по што членовите на ИО гласале и било одлучено да му се дозволи да гласа.
  • ГМ 1042/1, општина Куманово, ИО по грешка издал 2 ливчиња за избор на совет. Ја повикале ОИК и бил направен записник. Гласањето било прекинато околу 10-ина минути.
  • ГМ 2639, општина Карпош, на гласач му биле дадени 2 исти ливчиња по што гласачот реагирал и гласањето било прекинато 20 минути. ИО направил записник, на гласачот му било дадено соодветно ливче, по што гласањето продолжило.
  • ГМ 2737, општина Аеродром, на гласач му биле издадени 2 ливчиња од ист кочан. Гласачот ги заокружил, но пред да ги стави во гласачката кутија ИО забележал дека гласачот има 2 исти ливчиња, по што едното му го одзел и го ставил во плик за неважечки ливчиња, и му издал ново гласачко ливче. Направен бил и записник.
  • ГМ 0663, општина Каварадци, при откинување на гласачкото ливче од кочанот дел од ливчето останал недокинат, па гласачкото ливче било ставено во плик, бил направен зазписник, а на гласачот му било издадено ново ливче.
  • ГМ 1376, општина Прилеп, три неискористени ливчиња биле пронајдени позади параванот од страна на ИО. Гласањето било прекинато 10 минути, била повикана ОИК, направен бил записник, а ливчињата биле ставени во кутиите.
  • ГМ 1456, општина Прилеп, позади параван било пронајдено неискористено гласачко ливче, по што истото било ставено во гласачката кутија.
  • ГМ 0668, општина Кавадарци, 10 гласачи не биле проверени со УВ ламба.
  • ГМ 0741, општина Кичево, 7 случаи на семејно гласање, при што биле злоупотребени 17 гласови, а Избирачкиот одбор не реагирал.
  • ГМ 0998, општина Куманово, ламбата не работи пола час, а ИО не реагира.

Проблеми предизвикани од неовластени лица

  • Пред ОУ „Гоце Делчев“ во Неготино има неовластени лица со списоци.

Непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи

  • ГМ 2469, општина Чучер-Сандево, околу 13 часот гласач сакал да гласа во име на негово блиско лице. Откако ИО не му дозволил, лицето се обидело да го одземе гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато и била повикана полиција. Откако полицијата направила увид и бил направен записник од страна на полицијата и ИО, гласањето продолжило. Прекинот траел 40 минути.
  • ГМ 1273, општина Охрид, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. Била повикана полицијата која го привела гласачот.
  • ГМ 2699, општина Аеродром, било пронајдено неискористено ливче позади параванот. ИО го прогласил ливчето за неважечко.
  • ГМ 2576/1, општина Ѓорче Петров, гласач ги фотографирал гласачките ливчиња, ИО повикал полиција и гласачот бил приведен. Гласањето било прекинато 10 минути, а ливчињата биле поништени.
  • ГМ 2653, општина Карпош, гласач оставил 2 ливчиња позади параванот, ИО забележал дека се таму, го повикал гласачот назад, но тој не сакал да гласа, по што ливчињата биле поништени.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 15.Окт.2017

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

Непочитување на постапката на гласање од страна на избирачките одбори

  • ГМ 0001, општина Берово, откинати биле 5 гласачки ливчиња заедно со серискиот број. ИО направил записник за тоа и гласањето продолжило.
  • ГМ 2753, општина Аеродром, на скоро 60 гласачи им биле дадени гласачки ливчиња заедно со серискиот број. По реакција на гласач, ИО започнал да ги откинува ливчињата без серискиот број. Дополнително, претседателот на ИО не соработувал со набљудувачот на МОСТ
  • ГМ 0866, село Мојанци, општина Кочани, 3 случаи на семејно гласање во кои биле злоупотребени 6 гласови. Избирачкиот одбор не реагирал.
  • ГМ 2273, општина Штип, 7 гласачи не биле проверени со УВ ламба. Дополнително, ИО ги чита на глас имињата на гласачите.
  • ГМ 1375, општина Прилеп, гласач не можел да гласа зашто во избирачкиот список веќе имало потпис на негово место. Откако гласачот си заминал ИО увидел дека друг гласач со слично име по грешка се потпишал на неговото место. ИО не направил записник за ова.
  • ГМ 2653, Бардовци, општина Карпош, 4 гласачи не биле проверени со УВ ламба.
  • ГМ 2715, општина Аеродром, еден гласач бил испрскан со невидливиот спреј пред да биде проверен во избирачкиот список. Гласачот на бил во Избирачкиот список зашто не гласал на тоа гласачко место, па ИО не му дозволил да гласа. Гласачот отишол на гласачкото место каде што треба да гласа, но тамошниот ИО не му дозволил да гласа.
  • ГМ 2699, општина Аеродром, до гласачките кутии пронајдено е заокружено ливче кое не било ни превиткано. Откако ИО го забележал, го прогласил за неважечко и го ставиле кај неискористените ливчиња, бидејќи немале посебни пликови за да го спакуваат.
  • ГМ 2902, општина Чаир, на еден гласач му било издадено едно ливче повеќе бидејќи било залепено со претходното. ИО побарал инструкција од ДИК по што ливчето било ставено во посебен плик.
  • ГМ 2645, општина Карпош, на гласач му биле издадени 2 ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје по што реагирал кај ИО, кој по проверка на кочанот со гласачки ливчиња приметил дека им недостигаат 2 ливчиња за градоначалник на општина и 2 ливчиња за градоначалник на град Скопје. Гласањето е прекинато, повикан е претседателот на ОИК Карпош и полицијата и направен е записник.

 

Проблеми со изборниот материјал

 

  • ГМ 1718, општина Струмица, во кочанот со гласачки ливчиња за градоначалник имало ливчиња за избор на градоначалник и совет на општина Велес. Гласањето било прекинато 15 минути.
  • ГМ 2581/1, општина Ѓорче Петров, гласањето било прекинато 1 час и 45 минути поради тоа што во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник имало и ливчиња за избор на совет. ИО ќе го продолжи гласањето за онолку време колку што траел прекинот.
  • ГМ 0962, село Жидилово, општина Крива Паланка, гласањето било прекинато во период од 15 минути поради тоа што УВ ламбите не работеле.
  • Во гласачките места во ОУ Браќа Миладиновци во општина Аеродром има проблеми во функционирањето на УВ ламбите.
  • Што се однесува до шаблонот со Брајова азбука, во општина Тетово и во општина Боговиње избирачките места не добиле ваков шаблон.

 

Проблеми предизвикани од неовластени лица

 

  • ГМ 828 и 828/1, село Грешница, општина Кичево партиски активист со уште 2-3 неовластени лица агитираат во објектот пред просториите во кои се сместени гласачките места.
  • ГМ 1455, општина Прилеп, имало вербална расправија меѓу активисти на политички партии. Реагирала полицијата и ја смирила ситуацијата.
  • ГМ 1471, с. Дебреште, општина Долнени имало присуство на неовластени лица пред гласачкото место. Полицијата реагирала и ги отстранила.
  • Пред ОУ Петар Здравковски – Пенко имало конфликт помеѓу неовластени лица. Полицијата навреме реагирала и ги отстранила од местото.

 

Непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи

 

  • ГМ 1720/1, општина Струмица, гласач го фотографирал гласачкото ливче, била повикана  полиција, а ливчето не било ставено во кутијата.
  • ГМ 2829, општина Чаир, гласач ги фотографирал ливчињата. ИО му ги одзел ливчињата и ги прогласил за неважечки.
  • ГМ 2728, општина Аеродром, гласач заборавил едно гласачко ливче позади параванот, а  во кутијата ставил 3 ливчиња. ИО забележал дека позади параванот има останато едно ливче, ја повикал ОИК, направиле записник, а ливчето го прогласиле за неважечко и го ставиле во посебен плик. Поради ова гласањето било прекинато 15 минути.
  • ГМ 2686, општина Аеродром, еден гласач ги ставил двете ливчиња за избор на градоначалник и совет заедно во една гласачка кутија. ИО повикал ги повикал ОИК и полицијата и направиле записник. Гласањето било прекинато околу 30 минути, по што продолжило.
  • ГМ 0307, општина Виница, најмалку 10 лица откако гласале, пред гласачките кутии ги отвориле гласачките ливчиња за да видат во која гласачка кутија да ги стават и јасно можело да се види за кого гласале.
  • Во околината на ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ во општина Шуто Оризари, се делеле прехранбени продукти од различни политички партии. Дополнително, бил лепен пропаганден материјал.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 2.500 набљудувачи. На гласачките места се распоредени 2.100 набљудувачи кои покриваат околу 50% од гласачките места во Република Македонија, како и 50 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.

Дополнително, 81 набљудувач ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии и изборната комисија на град Скопје, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи.

  • Гласачките места 1565, 1566, 1566/1, 1567 кои се наоѓат во ОУ “Кирил и Методиј“ во село Злетово, општина Пробиштип се отворени со 15-минутно задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал околу гласачкото место.
  • ГМ 0887 во општина Чешиново-Облешево е отворено со 20-минутно задоцнување исто така поради отстранување на пропаганден материјал околу гласачкото место.
  • ГМ 0249 во општина Македонски Брод е отворено со 30-минутно задоцнување поради тоа што избирачкиот одбор доцнел со уредувањето на гласачкото место.

Досега, забележано е:

 На ГМ 1860 во општина Струга, на почетокот од гласањето избирачкиот одбор откинал 3 гласачки ливчиња од кочанот заедно со серискиот број, по што гласачите ги ставиле во гласачките кутии.

 На ГМ 0689 во општина Кавадарци, гласачко ливче е откинато заедно со серискиот број од кочанот. Ливчето било ставено во плик кој бил затворен, а на гласачот му било издадено ново гласачко ливче. Направен е записник за случајот.

 На ГМ 1076 во општина Куманово гласањето било прекинато половина час поради тоа што не работела УВ ламбата.

 На ГМ 1117 во општина Липково УВ ламбата не се користи во сите случаи. Избирачкиот одбор не реагира.

 На ГМ 1859/1 во општина Струга гласач ги фотографирал гласачките ливчиња и ги ставил во гласачката кутија, по што избегал од гласачкото место.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста на уште три конференции за јавност и тоа во 13:30 часот, во 17:30 часот и во 20:30 часот.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи локалните избори со повеќе од 2.500 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 2.100 набљудувачи кои ќе покријат околу 50% од гласачките места во Република Македонија.

Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и 120 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои МОСТ нема статични набљудувачи.

Дополнително, 81 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии и изборната комисија на град Скопје, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Покрај гласањето на 15 октомври, МОСТ денес го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

Жолтите маички со кратки ракави, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано  “Мониторинг 2017“, овластувањата од МОСТ и акредитациите од ДИК, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години. МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица, овластување и акредитација исклучиво за овие избори.

Во текот на денот, граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, може тоа да го сторат преку бесплатната телефонска линија 080 080 080 или преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Сите потврдени информации од набљудувањето на гласањето на денот на изборите, МОСТ ќе ги соопшти на четири прес-конференции, кои ќе се одржат во 9:30, 13:30, 17:30 и 20:30 часот.

Граѓанската асоцијација МОСТ апелира за одржување на фер, демократски и мирен изборен процес.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

# # # # #

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ  тел. 02/ 30 99 384

Од почетокот на изборната кампања Граѓанската асоцијација МОСТ има ангажирано 80 долгорочни набљудувачи кои ги покриваат сите општини во Република Македонија. Овие набљудувачи ја набљудуваат работата на изборната администрација и текот на изборната кампања.

Од набљудувачите беа добиени и анализирани 1.108 извештаи за изборна кампања и 357 извештаи за активности во општините. Од извештаите може да се заклучи дека првиот дел од изборната кампања главно помина релаксирано помеѓу граѓаните, со интензивни активности од различен вид од страна на учесниците во изборите – од кампања врата до врата, до поголеми партиски митинзи. Забележани се заеднички настани на кандидатите за градоначалници во некои општини, како на пример чистење на ѓубре, кафе-средби, потпишување на заеднички декларации и одржување заеднички средби со граѓани.

На 12 септември Владата усвои Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации, како и Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес. Овие упатства произлегуваат од мерките во Планот 3-6-9 насочени кон обезбедување одвоеност на државата од политичките партии. Во однос на овој дел од изборниот процес, во текот на кампањата беа забележани неколку изолирани случаи на злоупотреба на јавни ресурси, најчесто од градоначалници кои се кандидати на изборите.

Забележан е притисок за присуство на партиски настан во една општина и организирање на партиски настани во текот на работното време во две општини од страна на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, како и еден случај на уценување за гласање за независен кандидат.

Сведоци бевме и на демолирање на 10 изборни штабови на четирите најголеми политички партии во 8 општини и уништување на пропаганден материјал во 6 општини.

Што се однесува до работата на изборната администрација, дел од одлуките на Државната изборна комисија беа донесени на седници за кои набљудувачите не беа информирани. Дополнително, ДИК не ги усвојува своите записници навремено, што оневозможува целосен увид во нејзината работа, а дел од усвоените одлуки и извештаи не се објавени на нејзината веб-страница.

На овие избори се формираа нови 3.480 избирачки одбори од страна на ОИК, со оглед на тоа што на претходните, формирани во 2013 година, им истече мандатот. МОСТ ја набљудуваше постапката за формирање на ИО од страна на 48 ОИК и за разлика од претходните изборни процеси кога беа забележани повеќе нерегуларности во оваа постапка, на овие избори случајниот избор кај најголем дел од набљудуваните општински изборни комисии се спроведуваше во согласност со Изборниот законик. Поради погрешна инструкција од страна на надлежните лица три ОИК избираа членови со понизок степен на образование од потребниот, а три ОИК во одредени моменти од постапката избираа членови на ИО без потребниот кворум од најмалку 3 членови.

Изборниот законик беше изменет во текот на изборниот процес заради промена на одредбите поврзани со составот на ДИК, со цел во него да биде вклучен претставник од втората најголема политичка партија од парламентарната опозиција. Измената предвидува усогласување на составот на Државната изборна комисија од страна на Собранието во текот на изборниот процес, со што не го решава целосно ова прашање. Поради тоа, потребно е дополнително прецизирање на овие одредби. Измената на Изборниот законик во текот на изборниот процес е нешто што не смее да се случува.

Во текот на кампањата се случи инцидент во кој градоначалник и кандидат на изборите беше повреден во физичка пресметка помеѓу две групи. За поздравување е брзата реакција на МВР во разрешувањето на овој случај. Покрај ова, во периодот што измина се случи и престрелка во која беше повреден носител на независна кандидатска листа, кој подоцна им подлегна на повредите. Според изјавата на министерот за внатрешни работи, престрелката не била поврзана со изборите.

Граѓанската асоцијација МОСТ најостро осудува насилство од било каков вид и апелира учесниците во изборите да се воздржат од злоупотреба на вакви и слични настани за изборни цели. Воедно, апелираме до надлежните институции темелно да ги истражат овие настани.

# # # # #

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ 02/30 99 384

Во функција на спроведување фер и слободни избори во  Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и денот на гласањето ќе ангажира околу 2000 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.

За таа цел, МОСТ ги повикува граѓаните, лично, да се пријават во 18те регионални канцеларии, низ целата држава. Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 17:30 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии ќе можат да се пронајдат на интернет страницата на МОСТ.

За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а истите потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.

Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ  може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.

Како и изминатите години така и оваа, Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување на изборите.

 Во рамки на проектот активна е и интернет платформата http://neregularnosti.most.org.mk, каде што граѓаните ќе можат да ги пријават сите евентуални нерегуларности. Дополнително, отворена е и e-mail адреса: neregularnosti@most.org.mk. Како и секоја година така и оваа активна е и бесплатната телефонска линија, 080 080 080.

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, тел. 02/30 99 384

Граѓанската асоцијација МОСТ го одржа првиот брифинг за регионалните координатори кои ќе бидат ангажирани во рамките на проектот „Домашно набљудување на Локалните избори 2017“.