Медиа платформа за застапување

Проектот ќе ги промовира заедничките напори на локалните граѓански организации и новинарите и ќе ги поврзува со носителите на одлуки со цел да се решат прашањата и проблемите на локалната заедница преку користење на единствен и иновативен пристап. Креираните веб-платформи ќе бидат место кое ќе го користат новинарите кога ќе бараат податоци за различни состојби во општеството, а истовремено платформите ќе обезбедат и можност за придонес од страна на граѓаните. Една од креираните платформи ќе содржи линкови до најважните институции и нивните бази на податоци, како и насоки за добивање на податоци од јавно достапни извори, а втората ќе биде креирана за допринос од страна на граѓаните. Видео приказните и кратките документарци за промовирање на најдобрите практики во истражувачкото новинарство, како и синергијата со другите чинители во промоција на вредностите на ЕУ, понатаму ќе ги поттикнат новинарите и граѓанските организации на соработка. Регионалните обуки за застапување ќе бидат место каде ќе се поврзат и споделат на различни локални искуства, со што ќе се создаде синергија меѓу новинарите, невладините организации, граѓаните и локалните власти. Дополнително ќе се промовираат и најдобрите практики, ќе се развиваат вештините на локалните новинари за истражувачко новинарство, ќе се осврнат на планирање на кампањи за застапување и ќе се објасни улогата на секоја засегната страна, со што ќе се нагласи важноста на истражувачкото новинарство и сите понатамошни аспекти на кампањата.

ЦЕЛИ

Општа цел: Да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки

Специфична цел 1: Да се ​​придонесе кон овозможувачка околина за истражувачко новинарство, врз основа на слободен и лесен пристап до веродостојни извори на информации и давање можност за придонес од страна на граѓанските организации и граѓаните

Специфична цел 2: Да се ​​обезбеди можност за поврзување и зајакнување на клучните чинители, преку истакнување на нивната улога во застапувањето за проблемите на заедницата

Специфична цел 3: Да се ​​зголеми интегритетот и капацитетот на медиумите и граѓанските организации и да им се овозможи да работат заедно кон дефинирање на приоритетите и да се изврши притисок врз носителите на одлуки за решавање на проблемите во заедницата

АКТИВНОСТИ

1. Создавање и промовирање на алатки за овозможувачка околина за истражувачко новинарство (веб платформи)

2. Спроведување на регионални обуки за застапување

3. Доделување на грантови за заеднички кампањи за застапување

ПАРТНЕРИ

Институт за мас-медиуми, образование и комуникација

Нова ТВ

ДОНАТОР

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014

Во рамки на проектот „Медиа платформа за застапување“, имплементиран од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ, денес беа доделени 7 мали грантови за спроведување на заеднички кампањи за застапување на граѓански организации и новинари од Скопскиот, Пелагонискиот, Југозападниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.

Целта на повикот беше да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања кои произлегуваат од локалните заедници, а се од важност за пристапувањето кон ЕУ.

Финансиска поддршка добија Организацијата на жени на општина Битола, Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија Пехчево, ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани, Македонски центар за одржлив развој и конкурентност Скопје, Прва детска амбасада во светот Меѓаши Скопје, Институт за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ и Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје.

Седумте организации добија финансиска поддршка да спроведат проекти во времетраење од 3 до 6 месеци во соодветните региони, на теми поврзани со заштитата на животната средина, заштита на човековите права и правата на социјално ранливите групи, правата на децата, граѓанско учество, како и рурален развој.

Финансиската поддршка има за цел да ја поттикне соработката помеѓу граѓанските организации од една страна и новинарите/медиумите од друга страна, кои преку креираните партнерства и соработка треба да ги надградат своите капацитети и  да придонесат во развојот на истражувачкото новинарство во Република Македонија. Ова се вторите мали грантови кои се доделени во рамките на проектот.

Целта на проектот Медиа платформа за застапување е да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки.

До сега во рамки на проектот покрај доделените мали грантови, беа одржани 8 обуки во сите плански региони. На обуките учествуваа повеќе од 200 учесници, кои во рамките на 4 дена се запознаваа основите на застапувањето и истражувачкото новинарство, а преку практични примери и вежби се запознаа детално со чекорите во процесот на застапување и креирање на една истражувачка сторија. На обуките беше промовирана и платформата www.getdata.mk, која претставува алатка за новинари и граѓански организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми и комуникации и во соработка со порталот Нова ТВ во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, организира серија на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во процесот на застапување, зајакнување на улогата на новинарите и нивните истражувачки стории, како и  зголемување на нивната меѓусебна соработка преку спроведување на заеднички кампањи за застапување на интересите на граѓаните.

Обуките траат 4 дена, а целокупните трошоци за учество се покриени од страна на организаторот. За учесниците кои доаѓаат од места различни од локацијата на која се одржува обуката, обезбедено е покривање на патните трошоци.

До сега беа одржани обуки во 5 плански региони, и тоа: Вардарски, Североисточен, Полошки, Скопски и Југозападниот регион.

Распоредот на наредните 2 обуки е следниот:

 

Регион Општини Датум на

одржување

Локација
Југоисточен Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица 15.09 – 18.09.2017

Рок на пријавување

11.09.2017

Хотел “Сириус”, Струмица
Пелагониски Битола, Прилеп, Крушево, Ресен и Демир Хисар 22.09 – 25.06.2017

Рок на пријавување

18.09.2017

Хотел “Филип”, Охрид

Повик за обука на граѓански организации и медиуми

Апликација МК

Агенда

Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, објавува повик за доделување грантови за спроведување на заеднички кампањи на граѓански организации и новинари.

Повикот е отворен за граѓански организации и новинари/медиуми кои работат во Скопскиот, Пелагонискиот, Југозападниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.

Целта на повикот е да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања важни за локалните заедници, а се исто така и од важност за пристапувањето кон ЕУ.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Јавен Повик

Образец за пријавување (Прилог 1)

Буџет (Прилог 2)

Резиме на проектот (Прилог 3)

Во рамките на проектот Медиа платформа за застапување, МОСТ продолжува со серијата на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

Повикот овој пат е отворен за граѓански организации и медиуми (новинари) од Источниот плански регион.

Краен рок за пријавување е 25 Август 2017.

Повик за обука на граѓански организации и медиуми

Апликација МК

Агенда

Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми, едукација и комуникации и во соработка порталот Нова ТВ во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, организира серија на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

Повик за обука на граѓански организации и медиуми

Апликација МК

Апликација АЛБ

Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, објавува повик за доделување грантови за спроведување на заеднички кампањи на граѓански организации и новинари.

Повикот е отворен за граѓански организации и новинари/медиуми кои работат во Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот плански регион.

Целта на повикот е да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања важни за локалните заедници, а се исто така и од важност за пристапувањето кон ЕУ.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Јавен Повик

Образец за пријавување (Прилог 1)

Буџет (Прилог 2)

Резиме на проектот (Прилог 3)

Граѓанската асоцијација МОСТ, Институтот за мас медиуми, едукација и комуникација, како и интернет порталот НОВА ТВ, започнаа со одржување на регионални обуки во рамки на проектот Медиа платформа за застапување.

Регионалните обуки за застапување во рамките на 8те плански региони ќе бидат место каде ќе се поврзат и споделат различни локални искуства, со цел да се создаде синергија меѓу новинарите, невладините организации, граѓаните и локалните власти.

Целта на проектот Медиа платформа за застапување е да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки.

До сега беа одржани 2 обуки во Вардарскиот и Североисточниот регион на кои учествуваа 40 учесници, кои во рамките на 4 дена се запознаваа основите на застапувањето и истражувачкото новинарство, а преку практични примери и вежби се запознаа детално со чекорите во процесот на застапување и креирање на една истражувачка сторија. Истовремено, во рамките на 4те дена беше потенцирана и потикната потребата за нивна постојана меѓусебна соработка со цел решавање на проблемите на граѓаните од локалните заедници.

На самите обуки беше промовирана и платформата www.getdata.mk, која претставува алатка за новинари и граѓански организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото. Оваа алатка ги систематизира поважните јавно достапни бази на податоци, како и други методи преку кои може да се дојде до јавни информации кои можат да им бидат од корист на истражувачите.

На последниот ден од обуките беа поканети и претставниците од локалните самоуправи од соодветниот регион, со цел на заедничка сесија помеѓу учесниците на обуката и претставници од локалната самоуправа, во насока на  заедничко дефинирање на приоритетите и решавање на проблемите во локалната заедница, како и презентација на развиените иницијативи од страна на учесниците. До сега на обуките учествува претставници од општините Велес, Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Липково.

Следната регионална обука ќе се одржи во Полошкиот регион, а до крајот на годината планирана е и обука во Скопскиот регион.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Дер Шпигел (Огледало) е германски неделен магазин којшто се продава во германското јазично подрачје во тираж од 840,000 примероци. Основан е во 1947 година од новинарот Рудолф Аустеин со поддршка на британската армија којашто во тој период контролира дел од германската територија. Целта е да се обезбеди поддршка за основање  на независен професионален медиум во повоена Германија. Своето прво големо истражување „Шпигел“ го објавува во 1962  година врз база  на доверливи документи кои покажуваат дека НАТО нема капацитет да ја брани Западна Германија доколку таа биде изложена на воен удар од земјите од Варшавскиот пакт. Тогаш главниот уредник е уапсен со обвиниение дека нанел штети по безбедноста на земјата. Граѓаните на Германија излегуваат на масовни протести за да ја одбранат редакцијата.

Граѓанската асоцијација МОСТ и интернет порталот НОВА, денес ја промовираа платформата www.getdata.mk 

GetData претставува алатка за студенти по новинарство, новинари и невладини организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото. Оваа алатка ги систематизира поважните јавно достапни бази на податоци, како и други методи преку кои може да се дојде до јавни информации кои можат да им бидат од корист на истражувачите.

Покрај базите на податоци од Македонија, GetData исто така нуди и опција за пребарување на сите достапни бази на податоци во светот.

Идеата на платформата е да ги поврзе новинарите истражувачи со граѓанските организации кои работат во области од јавен интерес со цел да поттикне синергија во делувањето на медиумите и НВО-секторот во борбата против корупцијата и заложбите за квалитетни реформи во сферата на владеењето на правото и слобода на медиумите.

Новинарката Сашка Цветковска, која е автор на платформата истакна: „Институциите создаваат огромни бази на јавни податоци и документи кои во ерата на интернет технологиите и стремежите за отворено општество стануваат полесно достапни. Истовремено, овие податоци заедно со теренската работа и аналитичките способности, во 21 век стануваат клучни алатки во работата на истражувачките новинари.“

Дополнително, на настанот беше промовиран и проектот „Медиа платформа на застапување“ во рамки на кој е изработена оваа платформа.

Целта на проектот е да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки.

Од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ информираа дека во рамки на проектот, ќе бидат организирани и регионални обуки за застапување и истражувачко новинарство. Регионалните обуки ќе бидат место каде ќе се поврзат и споделат различни локални искуства, со цел да се создаде синергија меѓу новинарите, невладините организации, граѓаните и локалните власти.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Соопштение за медиуми

15.10.2018, Скопје

 

СОРАБОТКАТА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И НОВИНАРИТЕ Е НЕОПХОДНА ЗА ДА СЕ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА НОСЕЊЕ ОДЛУКИ

 

Во рамки на проектот „Медиа платформа за застапување“, имплементиран од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ, денес беше промовиран краткиот документарен филм од успешните проекти и кампањи за застапување спроведени од страна на 10 локални организации и новинари. На настанот покрај промоцијата на филмот, беше промовиран и прирачникот за застапување на локално ниво. Заклучокот од сите спроведени проекти и дискусии беше дека соработката на граѓанските организации и новинарите е неопходна за да се влијание врз процесот на носење одлуки. Само преку постојана меѓусебна соработка може да дојде до решавање на проблемите на граѓаните од локалните заедници.

 

Во рамки на проектот беа доделени 10 мали грантови за спроведување на заеднички кампањи за застапување на граѓански организации и новинари од сите плански региони. Финансиската поддршка имаше за цел да ја поттикне соработката помеѓу граѓанските организации од една страна и новинарите/медиумите од друга страна, кои преку креираните партнерства и соработка требаа да ги надградат своите капацитети и  да придонесат во развојот на истражувачкото новинарство во Република Македонија.

 

Организациите добија финансиска поддршка да спроведат проекти во времетраење од 3 до 6 месеци во соодветните региони, на теми поврзани со заштитата на животната средина, заштита на човековите права и правата на социјално ранливите групи, граѓанско учество, но и земјоделство.

 

Во рамки на проектот покрај доделените мали грантови, беа одржани 8 обуки во сите плански региони. На обуките учествуваа повеќе од 200 учесници, кои во рамките на 4 дена се запознаваа основите на застапувањето и истражувачкото новинарство, а преку практични примери и вежби се запознаа детално со чекорите во процесот на застапување и креирање на една истражувачка сторија.

 

На обуките беше промовирана и online платформата www.getdata.mk, која претставува алатка за новинари и граѓански организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото.

 

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014. Целта на проектот беше да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки. Проектот се спроведуваше од јануари 2016 година до октомври 2018 година.