Набљудување на работата на Канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните

Општи податоци за проектот
Проектот беше развиен за да создаде систем за формално и систематско набљудување на Канцелариите за контакт, со намера да се зголеми квалитетот на услугите кои ги нудат Канцелариите, како и фреквенцијата на комуникација меѓу граѓаните и пратениците. Канцелариите за контакт со граѓани беа отворени со цел да им дадат можност на граѓаните да соработуваат и комуницираат почесто со своите избрани претставници. Овие канцеларии требаа да бидат на највисоко ниво на изведба со цел да се промени перцепцијата на граѓаните за пратениците и Собранието на РМ. Информациите за работата на Канцелариите за контакт беа прибирани преку телефонски интервјуа и теренски истражувања со граѓаните.

Клучни цели на проектот

  • Да го зголеми нивото на ефикасност на Канцелариите и асистентите во нив, со цел да се подобри јавната перцепција за пратениците и Собранието на РМ;
  • Да се следи исходот од случаите во кои граѓаните им се обратиле со барање на пратениците;
  • Да си измери видливоста на Канцелариите и фреквенцијата на комуницирање помеѓу пратениците и граѓаните.

Период за имплементација
Ноември 2007 – Октомври 2009

Достигнувања

  • Зголемен број на средби помеѓу граѓаните и пратениците;
  • Зголемен број на граѓани кои ги користат услугите на Канцелариите;
  • Зголемен број на пратенички прашање по барања на граѓаните.

Овој проект беше финансиски подржан од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија