Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа

Општи податоци за проектот
Со процесот на децентрализација во Р Македонија општините и градоначалниците се здобија со поголеми надлежности, не само за прашања од локален карактер туку и за прашања како што е економскиот развој на локално и регионално ниво. Со имплементирањето на втората фаза од децентрализацијата, најголем дел од општините добија можност за остварување на поголем приход, а со тоа и можност за подобрување на условите и квалитетот на живот на локалните заедници.

Локалните самоуправи се соочија со повеќе проблеми, меѓу кои беа обвинувањата за корупција, лошо планирање и извршување на буџетот, како затворено и нетранспарентно функционирање. Како еден од недостатоците на функционирањето на системот може да се наведе непостоењето на механизми за “check and balance“. Незаинтересираноста на граѓаните и нискиот степен на знаење за прашањата на креирање политики и донесување одлуки, во кои граѓаните треба да бидат инволвирани се поставуваат како сериозен предизвик. Истражувањата покажуваат дека недостигот на капацитет претставува пречка за транспарентно функционирање на единиците на локална самоуправа, сепак нагласувајќи ја политичката волја како клучен фактор за аплицирањето на концептот „отчетност“. Прашањата на одговорност кон вистинските потреби на граѓаните во процесот на подготвување на плановите, програмите и под-програмите, како и планирањето на буџетот и јавните набавки и одговорноста на градоначалниците кон нивните избирачи и општинските совети, исто така требаа да бидат адресирани што поскоро.

Како резултат на гореспоменатото, МОСТ започна да го реализира проектот “Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа. Со овој проект МОСТ за прв пат ги насочи своите активности и капацитети кон полето на локалната самоуправа.

Искуството кое беше стекнато преку реализирањето на проекти на национално ниво беше од голема важност при креирањето и спроведувањето на проектот. Целна група на овој проект се единиците на локална самоуправа во Македонија. Во оваа фаза од процесот беа вклучени 6 општини: Крива Паланка, Штип, Гостивар, Осломеј, Могила и Дебарца.

Цел на проектот
Општата цел на проектот е придонес кон зголемено граѓанско учество во процесот на креирање политики и носење одлуки на локално ниво и подобрување на отчетноста, отвореноста и транспарентноста на локалната самоуправа.

Специфични цели

  • Зголемување на свеста и подобрување на знаењето за начините и можностите за вклучување на граѓаните, граѓанските организации, бизнис заедницата и заинтересирани групи во процесите на креирање политики и донесување одлуки;
  • Зголемување на свеста кај јавната администрација во локалната самоуправа и избраните членови на советите на општините за начините и можностите на граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво како и за принципите на антикорупција и транспарентност;
  • Зголемен проток на информации за работата и успешноста на советите на  единиците на локална самоуправа помеѓу граѓаните/избирачите;
  • Создаден канал за двонасочна комуникација помеѓу засегнатите страни во процесот на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво.

Период на имплементација
Февруари 2010 – Јуни 2011

Достигнувања

  • Издадени и дистрибуирани 12 извештаи за работата на 6те Совети од општините Крива Паланка, Штип, Гостивар, Дебарца, Осломеј и Могила);
  • Издадени 6 Бели листи на приоритети со 65 приоритетни проблеми на граѓаните од кои 20 се вклучени во буџетите на 6те општини;
  • Издадени Водичи за граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа, наменети за граѓаните и општинската администрација.

Овој проект беше финансиски подржан од Швајцарската агенција за развој (SDC), во рамките на програмата Civica Mobilitas (администрирана од страна на ЦИРа), како и од Амбасадата на Кралството Холандија.

Промоцијата на „Водичи за граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа“, се одржа денес во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ. Водичите се наменети за граѓаните и за општинската администрација, а нивната цел е да го зголеми граѓанското учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво.

Потребата од континуриана соработка помеѓу локалната власт и граѓаните е неспорна, но за жал вклученоста на граѓаните во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа е мала. Според г-динот Дарко Алексов, Извршен директор на МОСТ токму тоа е причината поради која Граѓанската асоцијација МОСТ изминатите две години дел од своите активности и капацитети ги насочи кон вклучувањето на граѓаните во секојдневно функционирање на локалната самоуправа.

„ЦИРа преку програмата CIVICA Mobilitas изминатите две години стратешки го поддржува МОСТ во реализацијата на проекти кои овозможуваат поголема информираност и поголема вклученост на граѓаните во локалната самоуправа. Овој проект е многу важен за вклучувањето на граѓаните на локално ниво, а истовремено проектот придонесува за поодговорна и потранспарентна работа на ЕЛС.“ – рече г-динот Зоран Стојковски, Извршен директор на ЦИРа.

Покрај нив на промоцијата говореа и дел од авторите на Водичите.

Проф. д-р Мирјана Борота – Поповска, член на уредувачкиот тим, осврнувајќи се на Водичот наменет за граѓаните истакна: „Несомнено е дека демократијата е дефинирана низ граѓанинот и неговата  активност, затоа Водичот има за цел граѓаните да ја разберат сопствената важност во процесите на креирање и донесување на одлуки како и да помогне во изградување на заедничката доверба меѓу граѓаните и општинската власт. Ние веруваме дека ефективното граѓанско вклучување е суштинско  за доброто владеење.“

Проф. д-р Зоран Шапуриќ, пак говореше за користа на овие Водичи за општинската администрација при тоа потенцирајќи дека: „Водичот за општинската администрација, кој денес се промовира, представува сериозен напор да и се овозможи на општинската администрација успешно да ги остварува своите функции. Овој водич има за цел да овозможи едноставен и лесен приказ за општинската адмистрација на можностите за  вклучување на граѓаните во процесите на одлучувањето во општините, како и за реализирање на нивната интезивна комуникација со граѓаните во функција на остварување на подобро донесување на одлуките на локално ниво.“

На настанот исто така беше промовиран и Прирачникот за застапување, кој е издаден како дел од активностите на Центарот за застапување, проект на МОСТ подржан од Балканскиот Фонд за Демократија. Според Славица Биљарска Мирчески, еден од авторите на Прирачникот, целта е преку Прирачникот да се инвестира во граѓаните и во нивните вештини и знаење, бидејќи најдобрите резултати се остваруваат со помош на учење, преку создавање на нови заеднички искуства и размена на добри практики.

Овие публикации ќе бидат достапни за сите заинтересирани граѓани, а истите ќе бидат дистрибуирани и до сите Единици на локалната самоуправа во Македонија.

Проектот „Одговорност, кооперативост и транспарентност на локалната самоуправа“ во чии рамки се издадени Водичите, Граѓанската асоцијација МОСТ го реализира преку програмата CIVICA Mobilitas која ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа и е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија, како и со средства од Амбасадата на Кралството Холандија.

МОНИТОРИНГ НА РАБОТАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНИТЕ ДЕБАРЦА, ГОСТИВАР, КРИВА ПАЛАНКА, МОГИЛА, ОСЛОМЕЈ и ШТИП

Граѓанската асоцијација МОСТ, во периодот од февруари 2010 година до јануари 2011 во општините Крива Паланка, Гостивар, Штип, Осломеј, Дебарца и Могила го спроведуваше проектот “Одговорна, транспарентна и кооперативна Локална самоуправа”.

Во рамките на истиот беа издадени два извештаи “Мојот советник” и организирани 6 јавни дебати за утврдување на приоритетите на општинско ниво. Оваа недела преку локални активности беше промовиран вториот извештај, Мојот советник 2, за периодот од јули до декември 2010. Во истиот беа содржани резултатите од мониторингот на работата на советниците во Советите на општините како и јавните набавки во шесте општини.

Повеќе информации за работата на советниците и проектот на www.mojotsovetnik.org.mk

 

Во рамките на проектот “Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа”, на 07.12.2010 во општина Штип се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува “Бела книга на приоритети” и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.
Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.
На дебатата беа присутни граѓани, советници, претставници на општинската администрација и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на општина Штип. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Штип ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.
Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.
Повеќе информации имате на веб страната: www.mojotsovetnik.org.mk

Во рамките на проектот “Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа”, на 02.12.2010 во општина Дебарца се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува “Бела книга на приоритети” и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.

Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.

На дебатата беа присутни граѓани, градоначалникот на општината, секретарот на општината, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на основното училиште “Дебарца” во с. Белчишта. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Дебарца ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.

Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.

Повеќе информации имате на веб страната: www.mojotsovetnik.org.mk

Во рамките на проектот “Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа”, на 22.11.2010 во општина Гостивар се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува “Бела книга на приоритети” и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.

Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.

На дебатата беа присутни граѓани, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на општина Гостивар. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Гостивар ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.

Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.

Повеќе информации имате на веб страната: www.mojotsovetnik.org.mk

Во рамките на проектот “Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа”, на 24.11.2010 во општина Крива Паланка се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува “Бела книга на приоритети” и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.
Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.
На дебатата беа присутни граѓани, градоначалникот на општината, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на општина Крива Паланка. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Крива Паланка ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.
Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.
Повеќе информации имате на веб страната: www.mojotsovetnik.org.mk

Во рамките на проектот “Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа”, на 10.11.2010 во општина Могила се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува “Бела книга на приоритети” и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните.

Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните. Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале. На дебатата беа присутни граѓани, градоначалникот на општината, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на општина Могила.

Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Могила ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година. Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.

Повеќе информации имате на веб страната: www.mojotsovetnik.org.mk

Во рамките на проектот “Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа”, на 11.11.2010 во општина Осломеј се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација.

Оваа активност од проектот се нарекува “Бела книга на приоритети” и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.

Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.
На дебатата беа присутни граѓани, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во ресторан Шпензи село Црвевци. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Осломеј ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.

Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.

Повеќе информации имате на веб страната: www.mojotsovetnik.org.mk

 Работата на советниците во општините Штип, Гостивар, Дебарца, Осломеј, Крива Паланка и Могила, оваа година ќе биде набљудувана од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ. Согласно Меморандумот за соработка што го потпишаа градоначалниците на овие општини и МОСТ, во рамките на проектот Одговорна, транспарентна и кооперативна Локална самоуправа, граѓаните ќе добиваат информации за учинокот на советниците, процесот на јавни набавки во општината, а ќе имаат можност и да дебатираат за приоритетите во општините.

 “Целта е на граѓаните да им обезбедиме поголем број на информации за работата на нивните претставници во општините, а со тоа да поттикнеме поголемо граѓанско учество во процесите на донесување одлуки и креирање политики“- рече Дарко Алексов, Извршен директор на МОСТ.

Во рамките на активностите на овој проект ќе бидат продуцирани два водичи (за граѓаните и за администрацијата во општините). Понатаму, ќе се набљудува работата на советите, од аспект на вклученост и иницијативност на советниците за време на седниците на советите, ќе се набљудува процесот на јавни набавки и ќе се одржат дебати со граѓаните за утврдување на приоритети во општините. Собраните податоци, на шест месеци, во печатено издание, ќе се доставуваат до граѓаните, а истите ќе бидат достапни и на интернет страна што ќе биде подготвена и одржувана од страна на МОСТ.

Со овој проект се опфатени 110 советници, а собраните податоци ќе бидат доставени до повеќе од 172.000 граѓани.

Изборот на општините е направен согласно однапред утврдени критериуми како што се: географската местоположба, демографските карактеристики, бројот на жители, бројот на советници, како и бројот на вработени во рамките на администрацијата на единиците на локалната самоуправа.

На конференцијата за медиуми, покрај Извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, говореа и градоначалниците на општините Штип, Зоранчо Алексов; Могила, Славко Велевски; Осломеј, Фатмир Дехари; Дебарца, Љупчо Којчиноски; Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и Гостивар, Руфи Османи. Сите тие јасно и недвосмислено ја искажаа својата подготвеност за отвореност и соработка на општините со граѓаните.

Проектот ќе се спроведува 12 месеци, започнувајќи од февруари оваа година, заклучно со јануари 2011. Истиот се реализира во рамките на програмата CIVICA Mobilitas која ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа и е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија, како и со средства од Амбасадата на Кралството Холандија.