СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕМОКРАТСКА ТРАНЗИЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “ПОЛИТИКАТА И ПАРИТЕ – ЦРНА ГОРА И РЕГИОНОТ”

Двајца претставници на Граѓанската асоцијација МОСТ учествуваа на првата регионална средба во рамките на проектот “Политиката и парите – Црна Гора и регионот”, која се одржа во Црна Гора од 25 до 27 Јануари 2012. Проектот е администриран од страна на Центарот за Демократска Транзиција (ЦДТ) од Црна Гора, а финансиски е подржан од Балканскиот Фонд за Демократија (BTD).

Проектот има за цел да придонесе кон развој на регионалната соработка помеѓу граѓанските организации во рамките на набљудувањето на финансирањето на политичките партии, како и да обезбеди компаративност на регионалните методи за набљудување на финансирањето на политичките партии.

Покрај МОСТ, проектот ќе го спроведуваат и Центарот за Демократска Транзиција од Црна Гора, Транспаренси Интернешенел од Босна и Херцеговина, ГОНГ од Хрватска, Центарот за Развој на Србија како и од страна на Иницијатива за Прогрес од Косово.

Сите учесници потпишаа Меморандум за разбирање за периодот од 1 декември 2011 до 30 ноември 2012.

Проектот предвидува развој на методологија за набљудување на финансирањето на политичките партии, креирање на интернет страна и регионален информатор со содржини поврзани со финансирањето на политичките партии подготвени од страна на учесниците во проектот.