Соработка со Центарот за Демократска Транзиција

Име на проектот:Користење на новите медиуми во промовирањето на транспарентноста на владите

Донатор: NED – National Endowment for Democracy

Износ: 48.500,00$

Учество на донаторот: 100%

Учесници во проектот:

Центар за демократска транзиција (Црна Гора);

Зошто не? (Босна и Херцеговина);

Центар за истражување, транспарентност и одговорност (Србија);

Граѓанска асоцијација МОСТ (Македонија).

Период на реализација на проектот:01.05.2013 – 31.01.2014

За проектот:Проектот има за цел да обедини четири организации од Балканот кои се занимаваат со отвореноста и одговорноста на институциите, со што би се овозможила меѓусебна размена на знаења и искуства. Исто така, преку мониторинг на отвореноста на владите и министерствата во сите четири земји, проектот ќе овозможи регионална споредба со што би се креирала конкурентна околина и простор за заеднички напредок. Преку внимателно испланирани активности, четирите организации ќе спроведат мониторинг на владите и министерствата, а потоа ќе креираат препораки базирани на сопствените искуства. Дополнителната вредност на проектот е можноста организациите да ја развијат мрежата иницирана со овој проект и да продолжат со активностите на застапување дури и по завршувањето на овој проект.

Специфичните цели на проектот се:

  • Овозможување на меѓусебна размена на знаења и искуства преку формирање на мрежа од организации кои се занимаваат со отвореноста и одговорноста на институциите;
  • Овозможување на регионална споредба на транспарентноста на владите и министерствата преку резултатите од мониторингот;
  • Подобрување на отвореноста на институциите преку активности на застапување и препораки базирани на резултатите од мониторингот.

Во рамките на активностите од регионалниот проект „ Употреба на новите технологии во промоција на транспарентноста на владата”, Граѓанската асоцијација МОСТ денес одржи конференција на тема “Е-транспарентноста на институциите во Република Македонија”.

На конференцијата учество зедоа претставници од министерствата при Владата на Република Македонија и претставници од здруженија на граѓани кои се активни во сферата која беше тема на конференцијата.

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Во рамките на регионалниот проект “Користење на новите медиуми во промовирањето на транспарентноста на владите”, имплементиран од Центарот за демократска транзиција (Црна Гора), a во соработка со Зошто не? (Босна и Херцеговина), и Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (Србија) и Граѓанската асоцијација МОСТ се организира конференција на тема “Е-транспарентност во регионот” која ќе се одржи на 7 февруари 2014 г. (петок).

Конференцијата всушност претставува збир од 4 конференции кои последователно ќе се одржуваат истиот ден во секоја од земјите учеснички во проектот при што ќе се врши директен пренос на интернет од секој од настаните. Темата на конференцијата во Македонија е “Е-транспарентноста на институциите во Република Македонија” и ќе започне во 12:00 часот, а истата ќе се одржи во просториите на Граѓанската Асоцијација МОСТ.

10:00-11:00 Транспарентност на планирањето и трошењето на средствата на институциите, Црна Гора.ЛИНК

11:00 – 11:30 Добри практики во презентирањето на информациите одорганите на државата управа на граѓаните, Србија.ЛИНК

12:00 – 12:30E-транспарентност на институциите во Република Македонија,Македонија.ЛИНК

13:00 – 13:30Отвореност на власта во БиХ и користење на новите технологии во комуникацијата со граѓаните,Босна и Херцеговина.ЛИНК

АГЕНДА

Следи на Твитер  #evlade

Во рамките на активностите од регионалниот проект „Користење на новите медиуми во промовирањето на транспарентноста на владите”, Граѓанската асоцијација МОСТ одржи конференција за медиуми на која ги презентираше резултатите од спроведениот мониторинг на интернет страниците на Владата и министерствата.

Проектот „Користење на новите медиуми во промовирањето на транспарентноста на владите”,се состои од мониторинг на интернет страниците на владите и министерствата во регионот, поврзан со две области од доброто управување:

•             отвореност на институциите;

•             интерактивност со актерите во општеството/граѓаните.

Соопштение

Резултати