Локални избори 2005

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2005“, МОСТ започна да го реализира во средината на месец јануари 2005, во рамките на програмата Одговорност и транспарентност.

Присуството на граѓаните на избирачките места како непристрасни и непартиски набљудувачи, придонесува кон зголемување на транспарентноста на целиот изборен процес и ја зголемува довербата на сите граѓани во резултатите.

За овие избори МОСТ планира да регрутира, обучи и распореди 3.500 набљудувачи.

Набљудувачите ќе бидат распоредени на околу 60% од избирачките места.

Активностите на проектот ќе бидат реализирани преку 19 регионални канцеларии.

Со реализација на овој проект МОСТ ќе продолжи да дава свој придонес во непречено одвивање на демократските процеси во државата.

Финален извештајПрес конференции

Политичка ситуација во РМ

Рокови за спроведување на изборните активности

Донатори

▪ ▪ Прес конференции

▪ ▪   10 април 2005 13 часот

 

Информациите што ги објавува Граѓанската асоцијација МОСТ за текот на денешните избори се базирани врз основа на дојавените нарушувања на изборниот процес од страна на 950 набљудувчи, распоредени на гласачките места.

 

Мониторите на МОСТ, помеѓу двете конференции за јавност ги дојавија следните нерегуларности:

На гласачките места 2875 и 2877, Чаир, во процесот на гласање не се употребува UV ламба.

 

   Изајава за медиуми 

 

▪ ▪   10 април 2005 11 часот

 

Сите набљудувачи, кои што го следат денешното гласање за локалните избори од Граѓанска асоцијација МОСТ, утрово, без исклучоци, се рапоредени на гласачките места. 950 набљудувачи се доволен број да се покрие 60% од избирачките места на кои се гласа втор круг за градоначалник, како и местата на кои има прегласување. Вообичаено, оние места на кои што нема распоредено статични набљудувачи во текот на денот ќе бидат посетени од мобилните тимови на МОСТ. Напомена: за денешното гласање, освен регистрирање на неправилностите, МОСТ ја работи и PVT програмата, според која се утврдува одзивот на гласачите и ќе бидат соопштени резултатите од гласањето, кои се однесуваат само за територијата на Град Скопје.

   Изјава за медиуми

 

▪ ▪  Прес конференција 01 април 2005

По одржаната прес конференција на 29.03.2005, од страна на Советот за радио дифузија може да констатираме дека со упатеното укажување до сите радиодифузни организации на 27.03.2005, Советот за радио дифузија направи обид да го лимитира протокот на информациите, односно информирањето за  констатираните неправилности  на ГА МОСТ на денот од вториот круг на изборите.

Извештај за медиуми 
▪ ▪  Прелиминарна изјава 28 март 2005 

Граѓанската асоцијација МОСТ го набљудуваше вториот круг и прегласувањето на првиот круг од Локалните избори 2005 со 2800 набљудувачи. Од 2090 гласачки места, на кои што се спроведуваше гласањето, набљудувачите на МОСТ покрија околу 65%.  Мобилните тимови на МОСТ, во текот на денот, ги посетуваа оние места кои што не беа покриени со статични набљудувачи, а во исто време обезбедуваа и логистичка поддршка за статичните тимови. Доставувањето на изборните материјали и табелирањето на гласовите во ОИК, по 19:00 часот исто така беше предмет на набљудување на мониторите на МОСТ.

Извештај за медиуми 
▪ ▪ 27 март 2005 19:30 часот

 

 

За текот на денешното гласање, МОСТ своите информации ги базираше на извештаите од 2800 распоредени набљудувачи на терен. Нерегуларности се забележани на 40 гласачки места. Групирано, нерегуларностите се однесуваат на кршење на гласачки кутии и прекини на гласање, непочитување на процедурата за гласање, појави на семејно гласање и гласање за друг и недостаток на гласачки ливчиња во изборните материјали.


Извештај за медиуми  
▪ ▪ 27 март 2005 15 часот

 

 

Информациите кои што стигнуваат од терен, а се базираат на извештаите на 2800 набљудувачи кои го следат процесот на гласање на вториот круг од изборите за градоначалник и прегласување на првиот круг, говорат за следните нарушувања на изборниот процес, на посочените 14 гласачки места:

 

Извештај за медиуми…
▪ ▪ 27 март 2005 11 часот

Граѓанска асоцијација МОСТ за следење на денешното гласање распореди 2800 набљудувачи, број доволен за да се покријат 60% од гласачките места во општините во кои се гласа втор круг за градоначалник, како и сите гласачки места во кои се прегласува првиот круг. Оние места на кои што нема распоредено статични набљудувачи во текот на денот ќе бидат посетени од мобилните тимови на МОСТ.
Извештај за медиуми…
▪ ▪ 26 март 2005

Гласањето во вториот круг од локалните избори, како и прегласувањето на првиот круг, во недела, ќе го следат 2800 граѓани, акредитирани како домашни, непартиски и непристрасни набљудувачи од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ. Изгледот на набљудувачите на МОСТ ќе биде ист како и за гласањето во првиот круг, пред две седмици. Граѓаните кои ќе бидат дел од  набљудувачката мисија на МОСТ ќе можат да се препознаат по жолтите маици, кои за разлика од минатите избори, сега се со син и портокалов ракав. Доказ дека секој од овие набљудувачи е акредитиран, ќе биде истакнатиот беџ од ДИК, а секој од набљудувачите ќе поседува и писмено овластување издадено од МОСТ.

Извештај за медиуми…
▪ ▪ Прелиминарна изјава 14.03.2005

Првиот круг од Локалните избори 2005 според извештаите на набљудувачите на Граѓанска асоцијација МОСТ, во најголемиот дел од државата, согласно пропишаните меѓународни стандарди, беше регуларeн, фер, мирен и демократски, за сметка на неколку општини во кои имаше целосно нарушување на изборниот процес.

                                            

      

                       повеќе …

 

 

▪ ▪ PVT резултати 14.03.2005

Според податоците обработени во PVT центарот на Граѓанска асоцијација МОСТ од кандидатите за градоначалници за Град Скопје за кандидатот на коалицијата За Македонија заедно, Ристо Пенов, гласале 31,02 %, за кандидатот на ДПА- ПДП, Аргтим Нагавци 6,91%, за Џезаир Шаќири, кандидат на НДП гласале 1,45%, за независниот кандидат Трифун Костовски гласале 53,76 %, а за Сами Фејзула, кандидат на ДУИ 6,86 % од  гласачите. На неважечките ливчиња им отпаѓаат 1,9 %.

                                                                                                         повеќе …

 

▪ ▪ Прес конференција 14ч. [13.03.2005]

Врз основа на извештаите добиени од 3630 набљудувачи на МОСТ регистрирани се следните нарушувања на изборниот процес: обиди за прокси гласање, инциденти на неколку гласачки места и кршење на избирачки кутии, прекини на гласањето, агитирање и растурање на пропаганден материјал, како и користење на упатства за гласање само на албански јазик.

                                                                                                    повеќе …

 

▪ ▪ Прес конференција 11ч. [13.03.2005]

Граѓанска асоцијација МОСТ за следење на денешното гласање распореди 3630 набљудувачи, број доволен за да се покријат 60% од гласачките места. Оние места на кои што нема распоредено статични набљудувачи во текот на денот ќе бидат посетени од мобилните тимови на МОСТ.

                                                                         повеќе …

 

▪ ▪ Прес конференција 12.03.2005

Земајќи ги предвид неколкуте злоупотреби на името и брендот на Граѓанската асоцијација МОСТ во текот на предизборната кампања, а во насока на спречување на можна понатамошна злоупотреба, изгледот на набљудувачите на ГА МОСТ ќе се разликува од претходните изборни циклуси.

                                                 извештај за медиуми

 

▪ ▪ Прес конференција 09.03.2005

 

Граѓанската асоцијација МОСТ досегашната предизборна кампања за Локалните избори 2005 ја оценува како интензивна, на моменти тензична но сепак релативно мирна. Својата оценка МОСТ ја базира на 188 извештаи, доставени од страна на регионалните координатори,  за следење на предизборна кампања.

 

извештај за медиуми…
▪ ▪ Средба 05.03.2005

 

Втора работна средба на регионалните координатори на МОСТ, која што се однесуваше на последните подготовки за набљудување на локалните избори беше одржана на 05.03.2005. На средбата беше дискутиран текот на предизборната кампања, а утврдени беа и правците за спроведување на следните активности.

 

повеќе
▪ ▪ Тренинг 26.02.2005

 

Како дел од активностите за зајакнување на капацитетот на мрежата, регионалните координатори на Граѓанска асоцијација МОСТ како и луѓето ангажирани на прокти во централната канцеларија, присуствуваа на тренингот, што се одржа на 26.02.2005 год.

 

повеќе
▪ ▪ Прес конференција 23 Февруари 2005

 

Граѓанска асоцијација МОСТ ја известува јавноста и граѓаните дека во изминатата седмица на територијата на Општина Илинден евидентирано е делење на леток на кој е прикажан дел од наводна анкета која ја спровела Граѓанска асоцијација МОСТ.

 

Извештај за медиуми
▪ ▪ Прес конференција 23 Февруари 2005

 

Во преамбулата на Кодексот на однесување за слободни и фер локални избори се вели: “Слободните и фер избори се камен-темелник на демократијата. Слободата на спроведување на кампања е неопходен елемент на овие избори. Секој човек има право да ги изнесува своите мислења без чувство на страв. Слободата за спроведување на кампања, исто така значи, обезбедување на истата слобода за секој друг човек“.

 

Извештај за медиуми
▪ ▪ Прес конференција 17 Февруари 2005

 

Во текот на набљудувањето на целокупниот изборен процес, Граѓанската асоцијација МОСТ воочи сериозни нарушувања на регуларноста на одредени негови компоненти. Граѓанската асоцијација МОСТ остро реагира на непочитувањето на законските рокови и предвременото започнување на изборните кампањи од страна на кандидатите за градоначалник на град Скопје.

Извештај за медиуми

▪ ▪ Прес конференција

Во рамките  на своите активности, Граѓанската Асоцијација МОСТ објавува  дека започнува со регрутирање на набљудувачи за претстојните локални избори.  Набљудувачите, волонтери,  ќе бидат избирани по однапред утврдени критериуми, од кои, клучен е партиска и политичка непристрасност, обкективност и целосна професионалност во процесот на набљудување.

                                                   Извештај за медиуми..
▪ ▪ Соопштение

 

Граѓанска асоцијација МОСТ упатува повик до граѓаните на Р Македонија, да го искористат законскиот рок и да ги проверат своите податоци во Единствениот избирачки список, како би можеле непречано да го искористат своето избирачко право за време на Локалните избори, во март.
Уште повеќе, со новата територијална организација, направен е нов опис на избирачките места, што само по себе нé наведува на размислување дека на денот на изборите граѓаните би можеле да имаат одредени потешкотии при остварувањето на своето избирачко право.

… Извештај за медиуми

Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје
Амбасада на Обединетото Кралство и Северна Ирска
Амбасада на Холандија
Национален демократски институт (NDI)
Делегација на САД во Виена преку ОБСЕ
Норвешка народна помош (NPA)
Италијанска амбасада преку ОБСЕ
Freedom House