Media Advocacy Platform

Project: Media Advocacy Platform

The project promotes joint efforts of local grass-root CSOs and journalists and links them with decision-makers in order to address local community issues, using a unique and innovative approach. The web-platforms will be the place-to-go for journalists when searching for data about various conditions in the society, and they will provide opportunity for citizens input. The platform will contain links to the most important institutions and their databases, as well as guidelines for obtaining data from publicly available sources. The stories and short documentaries promoting the best practices of investigative journalism and the synergy with other stakeholders in promotion of EU values will further empower journalists and CSOs. The regional advocacy trainings: shall be a place to network and share various local experiences, thus creating a synergy between journalists, CSOs, citizens and local authorities; will promote best practices, and develop skills of local journalists for investigative reporting; will address the planning of an advocacy campaign; will explain the role of each stakeholder, thus emphasizing the importance of investigative journalism and follow-up on all aspects of the campaign.

OBJECTIVES

Overall objective:Contributing towards enabling environment for qualitative investigative journalism and strengthening the cooperation between media and CSO for increased impact in public policy and decision making processes

Specific objective 1:To contribute towards enabling environment for investigative journalism, based on free and easy access to reliable sources of information and providing opportunity for CSOs and citizens input

Specific objective 2:To provide opportunity for networking and empowering of key stakeholders, highlighting their role in advocacy for community issues

Specific objective 3:To increase the integrity and capacity of media outlets and CSOs and enable them to work together on defining priorities and putting pressure on decision-makers to solve community problems

ACTIVITIES

1. Creating and promoting tools for enabling environment

2. Conducting regional advocacy trainings

3. Sub-granting joint advocacy campaigns

PARTNERS

Institute for Mass Media, Education and Communication

Nova TV

DONOR

The project is funded by the European Union, through IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014

Во рамки на проектот „Медиа платформа за застапување“, имплементиран од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ, денес беа доделени 7 мали грантови за спроведување на заеднички кампањи за застапување на граѓански организации и новинари од Скопскиот, Пелагонискиот, Југозападниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.

Целта на повикот беше да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања кои произлегуваат од локалните заедници, а се од важност за пристапувањето кон ЕУ.

Финансиска поддршка добија Организацијата на жени на општина Битола, Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија Пехчево, ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани, Македонски центар за одржлив развој и конкурентност Скопје, Прва детска амбасада во светот Меѓаши Скопје, Институт за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ и Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје.

Седумте организации добија финансиска поддршка да спроведат проекти во времетраење од 3 до 6 месеци во соодветните региони, на теми поврзани со заштитата на животната средина, заштита на човековите права и правата на социјално ранливите групи, правата на децата, граѓанско учество, како и рурален развој.

Финансиската поддршка има за цел да ја поттикне соработката помеѓу граѓанските организации од една страна и новинарите/медиумите од друга страна, кои преку креираните партнерства и соработка треба да ги надградат своите капацитети и  да придонесат во развојот на истражувачкото новинарство во Република Македонија. Ова се вторите мали грантови кои се доделени во рамките на проектот.

Целта на проектот Медиа платформа за застапување е да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки.

До сега во рамки на проектот покрај доделените мали грантови, беа одржани 8 обуки во сите плански региони. На обуките учествуваа повеќе од 200 учесници, кои во рамките на 4 дена се запознаваа основите на застапувањето и истражувачкото новинарство, а преку практични примери и вежби се запознаа детално со чекорите во процесот на застапување и креирање на една истражувачка сторија. На обуките беше промовирана и платформата www.getdata.mk, која претставува алатка за новинари и граѓански организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, објавува повик за доделување грантови за спроведување на заеднички кампањи на граѓански организации и новинари.

Повикот е отворен за граѓански организации и новинари/медиуми кои работат во Скопскиот, Пелагонискиот, Југозападниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.

Целта на повикот е да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања важни за локалните заедници, а се исто така и од важност за пристапувањето кон ЕУ.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Јавен Повик

Образец за пријавување (Прилог 1)

Буџет (Прилог 2)

Резиме на проектот (Прилог 3)

Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми и комуникации и во соработка со порталот Нова ТВ во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, организира серија на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во процесот на застапување, зајакнување на улогата на новинарите и нивните истражувачки стории, како и  зголемување на нивната меѓусебна соработка преку спроведување на заеднички кампањи за застапување на интересите на граѓаните.

Обуките траат 4 дена, а целокупните трошоци за учество се покриени од страна на организаторот. За учесниците кои доаѓаат од места различни од локацијата на која се одржува обуката, обезбедено е покривање на патните трошоци.

До сега беа одржани обуки во 5 плански региони, и тоа: Вардарски, Североисточен, Полошки, Скопски и Југозападниот регион.

Распоредот на наредните 2 обуки е следниот:

 

Регион Општини Датум на

одржување

Локација
Југоисточен Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица 15.09 – 18.09.2017

Рок на пријавување

11.09.2017

Хотел “Сириус”, Струмица
Пелагониски Битола, Прилеп, Крушево, Ресен и Демир Хисар 22.09 – 25.06.2017

Рок на пријавување

18.09.2017

Хотел “Филип”, Охрид

Повик за обука на граѓански организации и медиуми

Апликација МК

Агенда

Во рамките на проектот Медиа платформа за застапување, МОСТ продолжува со серијата на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

Повикот овој пат е отворен за граѓански организации и медиуми (новинари) од Источниот плански регион.

Краен рок за пријавување е 25 Август 2017.

Повик за обука на граѓански организации и медиуми

Апликација МК

Агенда

Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми, едукација и комуникации и во соработка порталот Нова ТВ во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, организира серија на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

Повик за обука на граѓански организации и медиуми

Апликација МК

Апликација АЛБ

Citizen’s Association MOST, in the frames of the project “Media Advocacy Platform” is announcing an open call for awarding grants for conducting joint advocacy campaigns of civil society organizations and journalists.

The call is open to civil society organizations and journalists / media operating in the Northeast, Vardar and Polog region.

The purpose of the call is to empower civil society organizations and journalists to work together in development and implementation of joint advocacy campaigns that target issues important to local communities, but also important for the EU accession process of the country.

The project “Media Advocacy Platform” is financed by the European Union through the IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014.

Public call

Application form (Anex 1)

Budget (Anex 2)

Project summary (Annex 3)

Граѓанската асоцијација МОСТ, Институтот за мас медиуми, едукација и комуникација, како и интернет порталот НОВА ТВ, започнаа со одржување на регионални обуки во рамки на проектот Медиа платформа за застапување.

Регионалните обуки за застапување во рамките на 8те плански региони ќе бидат место каде ќе се поврзат и споделат различни локални искуства, со цел да се создаде синергија меѓу новинарите, невладините организации, граѓаните и локалните власти.

Целта на проектот Медиа платформа за застапување е да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки.

До сега беа одржани 2 обуки во Вардарскиот и Североисточниот регион на кои учествуваа 40 учесници, кои во рамките на 4 дена се запознаваа основите на застапувањето и истражувачкото новинарство, а преку практични примери и вежби се запознаа детално со чекорите во процесот на застапување и креирање на една истражувачка сторија. Истовремено, во рамките на 4те дена беше потенцирана и потикната потребата за нивна постојана меѓусебна соработка со цел решавање на проблемите на граѓаните од локалните заедници.

На самите обуки беше промовирана и платформата www.getdata.mk, која претставува алатка за новинари и граѓански организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото. Оваа алатка ги систематизира поважните јавно достапни бази на податоци, како и други методи преку кои може да се дојде до јавни информации кои можат да им бидат од корист на истражувачите.

На последниот ден од обуките беа поканети и претставниците од локалните самоуправи од соодветниот регион, со цел на заедничка сесија помеѓу учесниците на обуката и претставници од локалната самоуправа, во насока на  заедничко дефинирање на приоритетите и решавање на проблемите во локалната заедница, како и презентација на развиените иницијативи од страна на учесниците. До сега на обуките учествува претставници од општините Велес, Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Липково.

Следната регионална обука ќе се одржи во Полошкиот регион, а до крајот на годината планирана е и обука во Скопскиот регион.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Дер Шпигел (Огледало) е германски неделен магазин којшто се продава во германското јазично подрачје во тираж од 840,000 примероци. Основан е во 1947 година од новинарот Рудолф Аустеин со поддршка на британската армија којашто во тој период контролира дел од германската територија. Целта е да се обезбеди поддршка за основање  на независен професионален медиум во повоена Германија. Своето прво големо истражување „Шпигел“ го објавува во 1962  година врз база  на доверливи документи кои покажуваат дека НАТО нема капацитет да ја брани Западна Германија доколку таа биде изложена на воен удар од земјите од Варшавскиот пакт. Тогаш главниот уредник е уапсен со обвиниение дека нанел штети по безбедноста на земјата. Граѓаните на Германија излегуваат на масовни протести за да ја одбранат редакцијата.

Citizens Association MOST and the Web portal NOVA, today promoted the platform www.getdata.mk 

GetData is a tool for journalism students, journalists and non-governmental organizations working on researches related to corruption and the rule of law. This tool systematize the major publicly available databases as well as other methods through which one can get to public information that might be useful to researchers.

Besides databases from Macedonia, GetData also offers the option to search all available databases in the world.

The idea of the platform is to connect investigative journalists with civil society organizations working in areas of public interest in order to foster synergy in the operations of the media and CSOs in the fight against corruption and the commitments to quality reforms in the field of rule of law and freedom of media.

The journalist Sashka Cvetkovska, the author of the platform stated: “The institutions create large sets of public data and documents that in the era of Internet technology and the aspirations for an open society, are becoming easily accessible. At the same time, this data together with field work and analytical skills in the 21st century become key tools in the work of investigative journalists.”

Additionally, the project “Media Advocacy Platform” within which framework this platform was developed was promoted.

The project aims to contribute towards enabling environment for qualitative investigative journalism and strengthening the cooperation between the media and the civil society organizations in order to increase their impact on public policy and decision making processes.

The Citizens Association MOST informed that within the project, regional trainings on advocacy and investigative journalism will be organized. The regional advocacy trainings will be a place to network and share various local experiences in order to create synergy between journalists, CSOs, citizens and local authorities.

The project is funded by the European Union, through IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014.

Within the project “Media Advocacy Platform”, Citizens Association MOST and the web portal NOVA will have

Promotion of the database GetData

 on 03.11.2016 (Thursday), time 10:30am

place EU InfoCenter

At the conference will be promoted GetData database, which is a tool for journalism students, journalists and non-governmental organizations working on researches related to corruption and the rule of law. This tool systematizes the major publicly available databases as well as other methods through which one can get to public information that might be useful to researches.

Also, it will be promoted the project Media Advocacy Platform and the foreseen activities.

# # # # #

The project Media Advocacy Platform is funded by the European Union, through IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014, and implemented by the Citizens Association MOST in cooperation with the Institute of Mass Media, education and communications and the web portal NOVA.

The content is responsibility of MOST and do not necessarily reflect the views of the supporters of this project.

Additional information: Citizens Association MOST, 02/30 99 384

Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми, едукација и комуникации и во соработка порталот Нова ТВ во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, организира серија на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

Обуките ќе се одржат во сите 8 плански региони во Македонија.

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во процесот на застапување, зајакнување на улогата на новинарите и нивните истражувачки стории, како и  зголемување на нивната меѓусебна соработка преку спроведување на заеднички кампањи за застапување на интересите на граѓаните.

Обуките ќе траат 4 дена, а целокупните трошоци за учество ќе бидат покриени од страна на организаторот. За учесниците кои ќе доаѓаат од места различни од локацијата на која се одржува обуката, ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци.

Распоредот на првите 4 обуки е следниот:

Регион Општини Датум на одржување Локација
Вардарски Свети Николе, Велес, Лозово, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Демир Капија, Кавадарци 04.11.2016 – 07.11.2016 Хотел Романтик Велес
Североисточен Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово, Крива Паланка 11.11.2016 – 14.11.2016 ТБД
Полошки Маврово и Ростуша, Гостивар, Брвеница, Врапчиште, Желино, Боговиње, Тетово, Теарце, Јегуновце 18.11.2016 – 21.11.2016 ТБД
Скопски Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Чаир, Центар, Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Арачиново, Илинден, Чучер-Сандево 16.12.2016 – 19.12.2016 ТБД

Селекцијата на пријавените кандидати ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот, или ќе бидат поканети на учество на некои наредни настани од сличен вид.

По завршувањето на обуките ќе биде објавен и повик за добивање на грантови за спроведување на заеднички кампањи на застапување.

Ги покануваме заинтересираните кандидати за првите две обуки (Вардарски и Североисточен регион) да го пополнат следниот формулар најдоцна до 31 октомври, по што ќе бидат контактирани од тимот на организаторот за потврда на нивното учество.

Апликација за обука

Пополнетиот формулар се доставува преку електорнска пошта на most@most.org.mk. Дополнителни информации можат да се добијат во Граѓанска асоцијација МОСТ на телефон 02/3099 384 и 02/3099 385, секој работен ден.

Проектот Медиа платформа за застапување е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014, а го спроведува Граѓанската асоцијација МОСТ во соработка со Институтот за мас медиуми, едукација и комуникации и Нова ТВ.

Во рамките на проектот „Медиа платформа за застапување“, Граѓанската асоцијација МОСТ објавува

ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНА

За потребите на проектот потребна е изработка на веб страна којашто треба да претставува алатка за пребарување на јавни домашни и странски бази на податоци. Алатката треба да содржи едноставен дизајн којшто на новинарите треба да им овозможи брз и ефикасен преглед на податоци, со што ќе можат да ја подобрат и унапредат нивната работа.

Критериуми за избор

–          Минимум 5 години работно искуство во струката (работа со развој на веб апликации)

–          Искуство во агрегирање на податоци и оптимизација за пребарување

–          Напредни познавања и искуство во работа со: PHP, MySQL, JavaScript, HTML, CSS,AJAX, jQuery

Предност имаат оние апликанти кои во минатото изработувале софтвери од општо јавно значење.

Рокот за доставување понуди е 10 работни дена од објавувањето на повикот. Понудите треба да бидат доставени на емаил адресата: most@most.org.mk

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.