Набљудување на Претседателските Избори 2004

  

ПВТ програмата што ја спроведуваше МОСТ ја следеше излезноста на граѓаните во текот на денот, како и конечната распределба на гласовите по пребројувањето.

Препорака на МОСТ е да се посвети поголемо внимание на подобрување на квалитетот на изборниот процес, преку едукација, како на изборните органи, така и на електоратот. Исто така мора да ја потенцираме и непоходноста од ефективна законска регулатива која ќе ги минимизира можностите за нарушување на изборниот процес.

Кодекс за Однесување на Политичките Партии

Политичките партии кои имаат или подржуваат кандидат на Изборите за Претседател на Р Македонија, потпишаа кодекс на однесување за слободни и фер избори, развиен од страна на NDI. Кодексот е етички документ и тој не ги заменува постојните правила.

Граѓанската асоцијација МОСТ, преку своите регионални канцеларии, ќе ги набљудува предизборните настапи на претседателските кандидати и нивните изборни штабови и за сите прекршувања на кодексот за слободни и фер избори ќе ги известува граѓаните.

Кодексот на однесување за слободни и фер избори го потпишаа политичките партии кои ја дадоа својата поддршка на еден од претседателските кандидати:

ВМРО-ДПМНЕ, Демократска Лига на Бошњаците во Македонија, Демократска Партија на Албанците, Демократска Партија на Србите во Македонија, Демократска Партија на Турците во Македонија, Демократски Сојуз на Власите во Македонија, Демократска Унија за Интерграција, Зелена Партија на Македонија, Либерално – Демократска Партија,Македонија Напред – Форца, Обединета Партија за Еманципација, Партија за Движење на Турците во Македонија, Партија за Демократски Просперитет, Работничко-земјоделска Партија на Македонија, Социјалдемократски Сојуз на Македонија, Социјалистичка Христијанска Партија на Македонија

Рекорден број на домашни набљудувачи во Македонија

Граѓанска асоцијација МОСТ поднесе барање до ДИК за акредитирање на 3305 граѓани, кои се пријавија да бидат домашни набљудувачи на изборниот ден.

Акредитираните набљудувачи ќе присуствуваат на тренинзите, што ќе бидат спроведени од страна на регионалните координатори, и ќе бидат распоредени на избирачките места. Тимови од двајца набљудувачи ќе покријат околу 60% од избирачките места во Р Македонија. Оние места на кои нема статични набљудувачи, ќе бидат посетени од мобилните тимови, кои МОСТ ќе ги формира за денот на изборите.

Регионалните координатори на МОСТ ќе го набљудуваат гласањето и на 13 април, кога ќе гласаат болните и изнемоштени лица, раселените лица, војниците по касарните и лицата кои се на отслужување на казна затвор.

На масовната акција за Проверка во Избирачкиот Список, вкупно беа проверени 688 граѓани, од кои:

– 14 лица не биле запишани и поднеле барање за запишување;

– 11 лица поднеле барање за дополнување;

–  9 лица поднеле барање за бришење;

додека на 654 случаи податоците биле во ред.

Општини во кои е извршена акцијата

Чаир Битола Миравци
Гази Баба Демир Хисар Богданци
Тетово Прилеп Струмица
Гостивар Крушево Кочани
Кичево Крива Паланка Оризари
Струга Велес Облешево
Долгожди Кавадарци Делчево
Велешта Штип Куманово
Лабуништа Радовиш Липково
Дебар Конче Кратово
Охрид Гевгелија

МОСТ го објавува завршниот извештај од набљудувањето на Претседателските Избори 2004.

за превземање