Стандарди за одржливoст на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на Локалната самоуправа

Општи податоци за проектот
Од самиот почеток на процесот на децентрализација потребата за транспарентност, одговорност и отчетност на ЕЛС пред граѓаните се зголемува.

Оттука и иницијативата на МОСТ да се започне со имплементација и воспоставување  на механизми кои ќе доведат до постепен партнерски однос помеѓу општината и нејзините граѓани.
Да се ​​зголеми транспарентноста и отчетноста на општините и да се поттикне доброто управување, неопходно е да се преземат следните чекори: да се подобри квалитетот на информациите за работата на општините кои се ставени на располагање на јавноста и да се обезбедат начини според кои вакви редовни и навремени информации ќе бидат достапни на граѓаните.

Овој проект е всушност само продолжение на проектот „Одговорност, транспарентност и кооперативност на Локалната самоуправа“ (Мојот Советник I) кој МОСТ го реализираше во 2010 година и кој покрај резултатите кои ги постигна, детектираше и сериозни недостатоци во работата на советите на ЕЛС и информирањето на граѓаните.

Цел на проектот
Проектот има за цел да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигнување на свеста на граѓаните за работата на советите на Единиците на локалната самоуправа.

Специфични цели на проектот

  • Зголемен квалитет и  достапност на  информациите за работата на советите  на ЕЛС до граѓаните;
  • Информирани граѓани за успешноста на аплицирањето на утврдените критериуми и стандарди во изготвувањето и достапноста на записниците за работата на Советите.

 

Овој проект е финансиски подржан од страна на Швајцарската агенција за развој SDC, преку програмата Civica Mobilitas. Истата е администрирана од страна на Центарот за Институционален Развој – ЦИРа.

www.mojotsovetnik.org.mk

Граѓанската асоцијација МОСТ денес на конференција за медиуми го презентираше извештајот од мониторингот на работата на 85те Совети на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС). Во извештајот се содржани податоците за успешноста во аплицирањето на основните критериуми и стандарди во процесот на водење записници од одржаните седници на Советите на ЕЛС, како и нивната достапност до граѓаните.

Во рамките на конференцијата беше промовиран и „Прирачник за употреба на стандардите за водење на записник од седници на Совет на ЕЛС“,изработен во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)

Соопштение за медиуми