СООПШТЕНИЕ
Почитувани, поради техничка грешка името на Граѓанската асоцијација МОСТ е ставено како дел од граѓанските организации кои во текот на вчерашниот ден упатија повик за понесување политичка одговорност за бегството на Никола Груевски, односно поднесување оставки од министерот за внатрешни работи, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и директорот на Агенцијата за разузнавање. Би сакале да ве известиме дека Граѓанската асоцијација МОСТ не е дел од оваа иницијатива.