Ќе ја истражат Европа и ќе ја промовираат Македонија

И ова лето преку проектот „Патуваме во Европа“, во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ, 12 студенти од Македонија добија уникатна можност еден месец да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја.

На своето ново патешествие студентите ќе ги  запознаат европските земји и нивните демократски вредности, народите и културите, но и ќе раскажат за својата земја и ќе ги поканат европските граѓани да ја посетат Македонија. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавањето на странски јазици. Тие своето патување ќе го започнат во Берлин, каде 3 дена ќе имаат можност да се дружат со своите врсници во регионот. 

На информативната средба,  која се одржа денес, „Среќен пат“ им посакаа реализаторот на проектот Граѓанската асоцијација МОСТ, како и донаторите Тутунска Банка. Студентите искрено се заблагодарија за укажаната шанса и ветија дека ќе ја искористат на најдобар можен начин. Дополнително, за студентите беше организирана и дружба со студентите од минатите години за размена на совети и искуства.

Александа Алексовска е студентка која оваа година е дел од 12те студенти и која своето патување низ Европа ќе го искористи да истражува на тема: Индустриски дизајн како алатка за одржлив урбан развој во градовите. Со ова истражување таа сака да изврши мапирање и детална презентација на можностите кои нејзиниот град Велес, би можел да ги има во понатамошен развој на градот.

За разлика од неа, претприемачкиот дух на Антонио Димоски е една од причините за пријавувањето на конкурсот. Учеството во проектот „Патуваме во Европа“ за Антонио е одлична можност да ја доразвие својата бизнис идеа која се базира на анализа на македонските универзитети и училишта и да побара дополнитена финансиска поддршка за истата. 

Марија Ангеловска, пак е студент кој одлично говори 3 јазици и која своето патување сака да го искористи за да ги истражи социокултурните аспекти на јазикот, како и да се фокусира на тоа како во различни земји јазикот влијае на однесувањето на луѓето.

Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, на студентите им обезбедува Inter Rail карта, за неограничено патување со воз за 22 дена, патничко осигурување, студентска картичка од Аурора Турс и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка се обезбедени од страна на Тутунска Банка. На студентите исто така им беа доделени и бесплатни брошури за промоција на Македонија, донирани од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.   

Целта на Патуваме во Европа е студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија. Ова е десета генерација на студенти кои ја имаат оваа уникатна можност за патување низ Европа. Изминатите години повеќе од 120 македонски студенти беа дел од проектот.

Патуваме во Европа е регионален проект во рамките на кој студенти од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија,  ќе можат да патуваат  и да се запознаат со функционирањето на системите во другите држави, а во исто време и да ги претстават сопствените земји.

Донатор на проектот е Фондацијата Роберт Бош од Германија, преку Балканскиот фонд за демократија од Белград. 

Read 1176 times
More in this category: « Пат во Европа 2013
Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction