СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 20:00 часот
29.Окт.2017

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

• На 9 гласачки места во општина Тетово - 2080, 2081, 2082, 2083, 2084, 2085, 2086, 2087, 2088, имало прекин на електричната енергија во период од околу 1 час. Гласањето не било прекинато во овој период, бидејќи имало услови за истото да продолжи.

Непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори

• ГМ 2901, општина Чаир, гласач гласал без претходно да биде проверен во избирачкиот список. По гласањето се увидело дека истиот не е запишан во избирачкиот список во ова избирачко место, туку во соседното ИМ. Била повикана ОИК, направен бил записник, а гласањето било прекинато 15-20 мин. Избирачките одбори од двете гласачки места направиле записник за случајот, а гласачкото ливче ќе се смета за важечко.

• ГМ 0887, с. Спанчево, општина Чешиново-Облешево, на гласач не му било дозволено да гласа, зашто веќе имало потпис на неговото место во избирачкиот список. Била повикана ОИК и бил направен записник. Лицето поднело приговор до ДИК, но ДИК истиот го одби.

• ГМ 2531/1, општина Гази Баба, еден гласач гласал иако имал мали траги од невидливото мастило. ИО со седум гласа ЗА и три гласа ПРОТИВ одлучил да му дозволи да гласа и направил записник за случајот. Напоменуваме дека замениците можат да учествуваат во работата на ИО, само во случај на отсуство на членовите. 

 

Технички проблеми со изборниот материјал

• ГМ 2509, општина Гази Баба, еден гласач не можел да гласа. На ова гласачко место недостига една страница од избирачкиот список, поради двојно печатење на друга страница од истиот. ИО направил записник за случајот.

 

Проблеми предизвикани од неовластени лица

• Село Ваташа, општина Кавадарци, пред Спомен домот во кој се сместени гласачките места 0691 и 0692 имало присуство на неовластени лица. Полицијата реагирала и ги отстранила овие лица.

 

Непочитување на постапката на гласање од страна на гласачи

• ГМ 2657, општина Кисела Вода, зад параванот било пронајдено гласачко ливче. ИО го поништил ливчето и направил записник за случајот. За случајот расправаше и ДИК на својата седница и ја потврди одлуката на избирачкиот одбор.

• ГМ 0673, општина Кавадарци, гласач го фотографирал гласачкото ливче позади параванот. ИО реагирал, била повикана ОИК и полиција и направен бил записник за случајот. 

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

Read 2086 times Last modified on Недела, 29 Октомври 2017 20:35
Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction