Конференција: „Улогата на домашните набљудувачи и стандарди за домашно набљудување на избори“ – Стандарди за домашно набљудување на избори

Во Република Македонија домашните набљудувачи своите должности ги исполнуваат согласно Изборниот законик, како и согласно Кодексот за набљудување на избори и изборни процедури за домашни и меѓународни набљудувачи кој го издава Државната изборна комисија пред секои избори. Покрај домашната легислатива, работата на домашните набљудувачи дополнително се базира и на меѓународните стандарди за набљудување на избори. Сепак она што недостигаше низ целиот процес беше збир од стандарди за домашно набљудување на избори кои би биле прифатени и почитувани од стана на секој учесник во идните изборни процеси. Развојот на овие стандарди за домашно набљудување на избори беше примарната цел на Конференцијата „Улогата на домашните набљудувачи и стандарди за домашно набљудување на избори“, која беше организирана од страна на МОСТ во периодот 18 – 20 јуни 2009 година. Претставници од државни институции беа поканети и учествуваа на конференцијата:Државна изборна комисија, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Државен завод за ревизија, Совет за радиодифузија, Амбасадата на Обединетото кралство и Северна Ирска, ОБСЕ Мисијата во Скопје, Канцеларија на специјалниот претставник на ЕУ во Македонија, Канцеларија на Совет на Европа во Скопје, претставници на релевантни граѓански организации, како и претставници од политичките партии и медиумите во Македонија.

Главната цел на конференцијата покрај предложените стандарди, беше да се сврти вниманието на државните институции, граѓанските организации и јавноста за важноста од домашното набљудување на избори во процесот на градење демократски капацитети во земјата. Дополнително, конференцијата беше спроведена со цел да ја зајакне меѓусебната доверба меѓу домашните набљудувачи, државните институции, медиумите и политичките субјекти кои учествуваат во изборниот процес.
Секоја од сесиите беше дизајнирана да има по 2 експерти од одредена област како воведничари со нивна сопствена анализа и заклучоци за моменталната состојба во полето кое е тема на дискусија. Потоа претставниците на граѓанските организации и јавниот сектор беа во можност да разменат мислења за потребите, принципите и механизмите за подобрување на улогата на домашните набљудувачи, подигнување на стандардите за домашно набљудување и зајакнување на довербата и соработката помеѓу домашните набљудувачи, државните институции, медиумите и политичките партии. Со цел да се информира и јавноста за конференцијата, на истата беа поканети и присуствуваа неколку национални и локални медиуми.

Достигнувања
Граѓанските организации, претставниците на државните институции и претставниците на политичките партии се согласија да воспостават неколку принципи како сет од стандарди за домашно набљудување на избори според кои истовремено највисоките меѓународни стандарди за набљудување ќе се почитуваат. Овие принципи се содржани во публикацијата „Стандарди за домашно набљудување на избори“.

Период на имплементација
Јуни 2009 – Септември 2009


Овој проект беше финансиски подржан од Амбасадата на Обединетото Кралство и Северна Ирска

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction