Конференција „Учество на граѓаните и граѓанските организации во процесите на креирање политики и донесување на одлуки“

На 11 декември 2007 година, Канцеларијата за контакт помеѓу НВОи и Собранието на РМ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право од Будимпешта и Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат во Владата на РМ организираа конференција на тема „Учество на граѓаните и граѓанските организации во процесите на креирање политики и донесување на одлуки“ .

Цели на конференцијата

  • Да започне дискусија на тема учество на јавноста на едно пошироко и повисоко ниво за македонските чинители;
  • Да се подигне свеста за важноста од вклучување на граѓаните и нивните организации во развојот и усвојувањето на политики помеѓу сите засегнати страни;
  • Да се информираат сите засегнати страни  за најдобрите практики за учество промовирани на национално ниво и на ниво на Европската Унија;
  • Да им се овозможи на граѓаните на Македонија да научат од искуството од останатите земји кои имаат превземено чекори за да се обезбеди ефективна консултација и учество;
  • Да се создаде форум за презентација и дискусија за можностите и предизвиците за учество во поширок контекст за Македонија;
  • Да се подржи споделувањето на искуство, на успешни методи и научени лекции помеѓу различни државни тела и организации;
  • Да се поттикнат домашните чинители да превземаат иницијативи кои ќе обезбедат најдобрите практики на учество да се  вметнати во нивниот систем и работа.

Конференцијата беше отворена од страна на г-дин Стојан Тодоров, Генерален секретар на Владата на РМ и г-ѓа Лилјана Поповска, пратеник во Собранието на РМ, кои ја изразија посветеноста на државните институции да го поддржат учеството и да ги охрабрат учесниците да предложат конструктивни мерки за подобрување на состојбата во државата.
Сузана  Никодијевиќ‐Филиповска,  раководител  на  Секторот  за  анализа  на  политиките  и координација    при  Генерален  секретаријат  во  Владата  на  РМ, г-ѓа Елизабета Недановска раководител  на   Одделението  за  соработка со невладини организации при Генерален Секретаријат при Влада на РМ и г-динот Дарко Алексов од Граѓанската асоцијација МОСТ/Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ, ја презентираа улогата на овие канцеларии и сектори како фацилитатори во процесот на вклучување.
Учесници од Естонија, Полска, Хрватска и Словачка го поделија искуството од нивните земји во креирањето механизми со цел да се обезбеди систематско и ефективно граѓанско учество.
За време на дебатата г-дин Ивица Боцевски, портпарол на Владата на РМ, г-дин Нуман Лимани, државен секретар во Министерството за правда, г-дин Александар Николовски, пратеник и неколку претставници на граѓанските организации дискутираа за моменталните добри практики на граѓанско учество како и за предизвиците на процесот. Оваа дискусија беше започната од домашен експерт. Наташа Габер Дамјановска ги презентираше нејзините прелиминарни резултати од анализата на законската рамка во Македонија и практиките поврзани со граѓанското учество/вклучување.
На дебатата беа покриени следниве теми:

  • Најдобри практики и принципи кои се однесуваат на јавно вклучување: информација, консултација, активно вклучување на ниво на Влада и Собрание,како и лобирање за закони;
  • Практично искуство од земјите од Европа и пошироко во начинот на регулирање на учеството во процесот на креирање политики и донесување на одлуки (закони, кодекси или стратегии за соработка);
  • Останати фактори кои влијаат на процесот за вклучување (перцепција, свесност за можностите кои ги нуди процесот, култура, начинот на размислување, капацитетот на институциите и секторот)

.
Период на имплементација
Декември 2007

Оваа конференција беше финансиски подржана во рамките на проектот за зајакнување на граѓанското општество, поддржан од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) спроведен од страна на Институтот за трајни заедници (ИТЗ) во соработка со ЦИРа и МИМ.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction