Потпишан меморандум за соработка за формирање на платформа за набљудување на изборите

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА

ФОРМИРАЊЕ НА ПЛАТФОРМА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

 

Граѓанската асоцијација „МОСТ“, Институтот за комуникациски студии, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Центарот за економски анализи и Цивил – Центар за слобода, денес потпишаа Меморандум за соработка со цел формирање на транспарентна и инклузивна платформа за соработка и комуникација базирана на Декларацијата за глобалните принципи за непристрасно набљудување и мониторинг на изборите од страна на граѓански организации, како и промоција на заеднички стандарди и начини на однесување во текот на процесот. Декларацијата е потпишана на 3 април 2012 година под покровителство на Обединетите Нации, поддржана е од страна на повеќе меѓувладини организации, а потпишана е од страна на 160 невладини организации од целиот свет. 

Соработката меѓу другото ќе се базира врз почитување на уставот, законите и меѓународните обврски поврзани со изборите, непристрасност и политичка неутралност, како и непристрасно, точно и навремено известување засновано на факти. 

Сите организации-потписнички на меморандумот се согласија да соработуваат за да ги штитат правата на гласачите и политичките актери, со строга непристрасност и без дискриминирање, неразумни ограничувања, мешања или заплашувања.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction