Одговорност, транспарентност и кооперативност на локалната самоуправа

Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа

Општи податоци за проектот
Со процесот на децентрализација во Р Македонија општините и градоначалниците се здобија со поголеми надлежности, не само за прашања од локален карактер туку и за прашања како што е економскиот развој на локално и регионално ниво. Со имплементирањето на втората фаза од децентрализацијата, најголем дел од општините добија можност за остварување на поголем приход, а со тоа и можност за подобрување на условите и квалитетот на живот на локалните заедници.

Локалните самоуправи се соочија со повеќе проблеми, меѓу кои беа обвинувањата за корупција, лошо планирање и извршување на буџетот, како затворено и нетранспарентно функционирање. Како еден од недостатоците на функционирањето на системот може да се наведе непостоењето на механизми за “check and balance“. Незаинтересираноста на граѓаните и нискиот степен на знаење за прашањата на креирање политики и донесување одлуки, во кои граѓаните треба да бидат инволвирани се поставуваат како сериозен предизвик. Истражувањата покажуваат дека недостигот на капацитет претставува пречка за транспарентно функционирање на единиците на локална самоуправа, сепак нагласувајќи ја политичката волја како клучен фактор за аплицирањето на концептот „отчетност“. Прашањата на одговорност кон вистинските потреби на граѓаните во процесот на подготвување на плановите, програмите и под-програмите, како и планирањето на буџетот и јавните набавки и одговорноста на градоначалниците кон нивните избирачи и општинските совети, исто така требаа да бидат адресирани што поскоро.

Како резултат на гореспоменатото, МОСТ започна да го реализира проектот “Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа. Со овој проект МОСТ за прв пат ги насочи своите активности и капацитети кон полето на локалната самоуправа.

Искуството кое беше стекнато преку реализирањето на проекти на национално ниво беше од голема важност при креирањето и спроведувањето на проектот. Целна група на овој проект се единиците на локална самоуправа во Македонија. Во оваа фаза од процесот беа вклучени 6 општини: Крива Паланка, Штип, Гостивар, Осломеј, Могила и Дебарца.

Цел на проектот
Општата цел на проектот е придонес кон зголемено граѓанско учество во процесот на креирање политики и носење одлуки на локално ниво и подобрување на отчетноста, отвореноста и транспарентноста на локалната самоуправа.

Специфични цели

  • Зголемување на свеста и подобрување на знаењето за начините и можностите за вклучување на граѓаните, граѓанските организации, бизнис заедницата и заинтересирани групи во процесите на креирање политики и донесување одлуки;
  • Зголемување на свеста кај јавната администрација во локалната самоуправа и избраните членови на советите на општините за начините и можностите на граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво како и за принципите на антикорупција и транспарентност;
  • Зголемен проток на информации за работата и успешноста на советите на  единиците на локална самоуправа помеѓу граѓаните/избирачите;
  • Создаден канал за двонасочна комуникација помеѓу засегнатите страни во процесот на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво.

Период на имплементација
Февруари 2010 – Јуни 2011

Достигнувања

  • Издадени и дистрибуирани 12 извештаи за работата на 6те Совети од општините Крива Паланка, Штип, Гостивар, Дебарца, Осломеј и Могила);
  • Издадени 6 Бели листи на приоритети со 65 приоритетни проблеми на граѓаните од кои 20 се вклучени во буџетите на 6те општини;
  • Издадени Водичи за граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа, наменети за граѓаните и општинската администрација.

Овој проект беше финансиски подржан од Швајцарската агенција за развој (SDC), во рамките на програмата Civica Mobilitas (администрирана од страна на ЦИРа), како и од Амбасадата на Кралството Холандија.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction