Медиа платформа за застапување

Медиа платформа за застапување

Проектот ќе ги промовира заедничките напори на локалните граѓански организации и новинарите и ќе ги поврзува со носителите на одлуки со цел да се решат прашањата и проблемите на локалната заедница преку користење на единствен и иновативен пристап. Креираните веб-платформи ќе бидат место кое ќе го користат новинарите кога ќе бараат податоци за различни состојби во општеството, а истовремено платформите ќе обезбедат и можност за придонес од страна на граѓаните. Една од креираните платформи ќе содржи линкови до најважните институции и нивните бази на податоци, како и насоки за добивање на податоци од јавно достапни извори, а втората ќе биде креирана за допринос од страна на граѓаните. Видео приказните и кратките документарци за промовирање на најдобрите практики во истражувачкото новинарство, како и синергијата со другите чинители во промоција на вредностите на ЕУ, понатаму ќе ги поттикнат новинарите и граѓанските организации на соработка. Регионалните обуки за застапување ќе бидат место каде ќе се поврзат и споделат на различни локални искуства, со што ќе се создаде синергија меѓу новинарите, невладините организации, граѓаните и локалните власти. Дополнително ќе се промовираат и најдобрите практики, ќе се развиваат вештините на локалните новинари за истражувачко новинарство, ќе се осврнат на планирање на кампањи за застапување и ќе се објасни улогата на секоја засегната страна, со што ќе се нагласи важноста на истражувачкото новинарство и сите понатамошни аспекти на кампањата.

ЦЕЛИ

Општа цел: Да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки

Специфична цел 1: Да се ​​придонесе кон овозможувачка околина за истражувачко новинарство, врз основа на слободен и лесен пристап до веродостојни извори на информации и давање можност за придонес од страна на граѓанските организации и граѓаните

Специфична цел 2: Да се ​​обезбеди можност за поврзување и зајакнување на клучните чинители, преку истакнување на нивната улога во застапувањето за проблемите на заедницата

Специфична цел 3: Да се ​​зголеми интегритетот и капацитетот на медиумите и граѓанските организации и да им се овозможи да работат заедно кон дефинирање на приоритетите и да се изврши притисок врз носителите на одлуки за решавање на проблемите во заедницата

АКТИВНОСТИ

1. Создавање и промовирање на алатки за овозможувачка околина за истражувачко новинарство (веб платформи)

2. Спроведување на регионални обуки за застапување

3. Доделување на грантови за заеднички кампањи за застапување

ПАРТНЕРИ

Институт за мас-медиуми, образование и комуникација

Нова ТВ

ДОНАТОР

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction