Мобилен Парламент

Општа цел: Придонес кон зголемена доверба во демократијата, преку подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните, граѓанските групи, пратениците и локалната власт преку овозможување демократска дебата за прашања релевантни за пристапување на земјата во ЕУ и на тој начин влијание врз креирањето политики и донесувањето одлуки на национално и локално ниво.

Специфична цел 1: Да се ​​зголеми одговорноста и отчетноста на избраните претставници кон граѓаните и подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните, граѓанските групи, пратениците и единиците на локалната самоуправа;

Специфична цел 2: Да им се овозможи на жените, социјално ранливите групи, земјоделските производители, групите за заштита на животната средина, заштитници правата на децата и правата на Ромите преку директна комуникација со избраните претставници ефикасно и ефективно да се залагаат за позитивни промени на локално и на национално ниво;

Специфична цел 3: Да се ​​зголеми влијанието на целните групи во процесите на креирање политики и донесување одлуки на национално и локално ниво преку подготовка на аргументирани препораки за одржливи решенија.

Предвидени активности:

  • Подготвителна фаза

-      Подготовка и спроведување на теренска и медиумска кампања за промоција на проектот;

-      Истражување во 6 тематски приоритети: а) правата на жените и родовата еднаквост; б) еднакви можности; в) социјално ранливи лица и лицата со посебни потреби; г) регионални политики, со акцент на животната средина; д) за земјоделството и руралниот развој; ѓ) нелегалната миграција и прашања поврзани со лица кои бараат азил во земјите на ЕУ, со цел да се утврди нивната импликација и влијанието на различните заедници.

  • Спроведување на 20 состаноци / јавни дебати во сите 6 изборни единици со граѓаните, граѓанските групи, пратениците и претставниците од единиците на локална самоуправа за прашања од локално значење

- Комуникација со пратеници, единици на локална самоуправа, мобилизација на целните групи и граѓанските организации, со цел да се обезбеди нивното присуство на состаноците / јавните дебати;

- Одржување на состаноци / јавни дебати во врска со претходно избрани прашања од локално значење;

- Подготовка на извештаи со препораки за решавање на локалните проблеми од секоја одржана средба;

- Споделување на извештаите со препораки до јавноста, пратениците и локалните власти.

  • Мониторинг на работата на Собранието и на единиците на локалната самоуправа и информирање на јавноста за напредокот во однос на препораките од средбите

-      Следење на седниците за пратенички прашања во Собранието на РМ;

-      Следење на седниците на советите на единиците на локална самоуправа;

-      Продукција на квартални видео емисии во врска со локалните проблеми и препораките за нивно надминување, како и нивно емитување на локалните медиуми;

-      Подготвување на квартални извештаи за напредокот на препораките и нивно споделување со јавноста, Владата, пратениците и локалните власти.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction