Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ

Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ

Општи податоци за проектот
Канцеларијата беше отворена во 2004 година и претставуваше сервис за граѓанските организации, место каде можат да седнат и да ги дискутираат законските прашања, алатка за граѓанските организации да застапуваат и лобираат за важни прашања, алатка за пратениците да ги вклучат граѓанските организации во процесот на донесување одлуки и подготовката за легислативата која влијае на секојдневниот живот на граѓаните.

Цел на проектот
Целта на Канцеларијата беше да се институционализира комуникацијата и соработката помеѓу Собранието и граѓанските организации

Специфични цели

  • Преку користење на сите информациски алатки да им ги обезбеди на Собранието и граѓанскиот сектор релевантните податоци, од суштинско значење за отворен и интензивен дијалог;
  • Поврзување на граѓаните со законодавните тела, со цел да се зголеми придонесот на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики и донесување на одлуки.


Период на имплементација
Октомври 2004 – Јули 2009

Достигнувања

  • Организирани 305 состаноци од кои 82 на барање на граѓаните, 173 на барање на граѓанските организации, 16 на барање на пратениците и 9 на барање на сектори при Собранието на РМ;
  • Доставени 6 предлози за донесување или изменување на закони;
  • Учество на јавни дебати, расправи и сослушувања;
  • Организација на конференции и тркалезни маси;
  • Партнер на Собранието при имплементацијата на проектот е-Собрание во полето на дигитализација на стенограмите од пленарните седници подоцна објавени на официјалната интернет страница на Собранието на РМ.

Во 2009 година Канцеларијата премина во Центар за застапување, кој е оперативен и им помага на граѓанските организации во нивните напори за застапување и лобирање.

Овој проект е финансиски подржан од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), Балканскиот Фонд за Демократија, Швајцарската  канцеларија за соработка во Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction