Посети на Собрание

Посети на Собрание

Секоја нова генерација на гласачи е одлична можност да се воспостават силни вредносни норми за значењето на граѓанските права и обврски, и придонесот на активните граѓани во развојот на демократското општество.

Во соработка со Собранието на Република Македонија, во периодот од 1-ви април 2003 год. до 10-ти јуни 2003 год., како волонтерска активност МОСТ го реализираше проектот Посети на Собранието на Република Македонија.

Овој проектот имаше едукативен карактер и беше наменет за ученици од 4-та година од неколку средните училишта во Скопје, односно за оние кои на следните избори за прв пат треба да излезат и да гласаат.

Основните цели во реализација на овој проект беа:
*      доближување на институцијата Собрание, како највисок законодавен и претставнички дом до учениците;
*      информирање на младите за процесот на донесување одлкуки, со цел нивно поактивно вклучување во демократските процеси;
*      промовирање на Собранието на РМ како транспарентна и отворена институција;
*      подобрување на комуникацијата помеѓу пратениците и идните гласачи;
*      поттикнување на волонтеризам и вклучување на младата популација во севкупните општествено- политички процеси.  

За време на престојот во собраниската зграда учениците беа запознаени и со сите поединости на зградата, како што се салите за состаноци, салите за разни приеми и простории со историско и културно значење за Македонија.

Несомнено е дека ваков тип на едукација на младите допринесува да можат идните гласачи полесно да го направат својот избор, а со тоа и да бидат поттикнати да го остваруваат своето право на глас.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction