Предвремени Парламентарни избори 2008

Предвремени Парламентарни избори 2008

Проект: Домашно набљудување на Предвремени парламентарни избори 2008

Цел на проектот: Придонес кон транспарентен изборен процес, преку непартиско набљудување на сите сегменти на изборниот процес.

Специфични цели на проектот:

  • Да обезбеди учество на граѓаните во процесот на непартиско набљудување на изборите;
  • Да осигура почитување на правото и законите при спроведување на гласањето на избирачките места;
  • Да се подигне свеста кај граѓаните за нивните права и обврски за проверка на податоците во Избирачкиот список.

Активностите во проектот Домашно набљудување на предвремените Парламентарните избори 2008 се поделени во неколку сегменти:

  • Собирање и процесирање на податоците за проверка на граѓаните во Избирачкиот список во подрачните единици на Министерството за правда (во периодот додека Единствениот избирачки список е на јавен увид);
  • Регрутирање и обука на волонтери за домашни набљудувачи на изборите;
  • Набљудување на предизборниот период и следење на почитувањето на Кодексот за слободни и фер избори;
  • Набљудување на предвременото гласање на раселените лица, старите и изнемоштени лица, војниците, затворениците;
  • Набљудување на денот на гласање (со обични набљудувачи, мобилни тимови, ПВТ набљудувачи, ротирачки набљудувачи и набљудувачи во ОИК и ДИК);
  • Набљудување на постизборниот период;
  • Анализирање на извештаите и информирање на јавноста.

Проектот “Домашно набљудување на Предвремените парламентарни избори 2008“ е поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на САД, ОБСЕ Набљудувачката мисија во Скопје и Амбасадата на Кралството Норвешка.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction