Претседателски и Локални Избори 2009

Претседателски и Локални Избори 2009

Проект: Домашно набљудување на Претседателските и локалните избори 2009

Изборниот процес претставува една од основните демократски вредности за функционално и плурално демократско општество.

Цел на проектот: Придонес кон транспарентен изборен процес, преку непартиско набљудување на сите сегменти на изборниот процес.

Специфични цели на проектот:

  • Да обезбеди учество на граѓаните во процесот на непартиско набљудување на изборите;
  • Да осигура почитување на правото и законите при спроведување на гласањето на избирачките места;
  • Да се подигне свеста кај граѓаните за нивните права и обврски за проверка на податоците во Избирачкиот список на РМ.

Активностите во проектот Домашно набљудување на Претседателските и локалните избори 2009 се поделени во неколку сегменти:

  • Воспоставување на мрежата за имплементација на проектните активности;
  • Редовни брифинзи со регионалните координатори околу сите фази од проектот;
  • Набљудување на предизборниот период;
  • Регрутирање и обука на набљудувачите;
  • Набљудување на гласањето на раселените лица, старите и изнемоштени лица, војниците и затворениците, кое се одржува еден ден пред денот на избори;
  • Наблудување на денот на гласање (со обични набљудувачи, мобилни тимови, ПВТ набљудувачи, ротирачки набљудувачи и набљудувачи во ОИК и ДИК);
  • Раководење на ПВТ програмот;
  • Набљудување на постизборниот период;
  • Анализа на извештаите и информирање на јавноста;
  • Подготовка на финален извештај.

Проектот “Домашно набљудување на Претседателските и Локалните избори 2009“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ, со несебична поддршка од Американскиот народ преку УСАИД, како и од Амбасадата на Кралството Холандија, Шведската меѓународна агенција за развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на Република Чешка.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction