Прв Пат Гласам

Прв пат гласам

Основни податоци за проектот
Идејата за спроведување на проектот произлезе од потребата за постојана и континуирана едукација на гласачите. Во 2004 година МОСТ одлучи да работи на едукација на оние на коишто најмногу им е потребна, односно оние кои ќе гласаат за прв пат. И покрај тоа што статистичките податоци беа недоволно јасни и детални, сепак потврдуваат дека заинтересираноста на оваа група за општествено-политичките случувања, вклучувајќи ги изборите, е многу мала. Единствено оние млади луѓе кои се партиски ангажирани добиваат одредена едукација која што е нецелосна.

Најдобриот начин да се опфати оваа целна група беше преку образовниот систем, односно завршните години во средните училишта низ целата држава.

Проектот започна да се реализира во септември 2004 година. Првата фаза од проектот се спроведе во текот на учебната 2004/2005 година. Резултатите кои  беа постигнати во првата фаза доведоа до продолжување на проектот во наредните 6 учебни години, заклучно со учебната 2010/2011. Проектот беше поддржан, најпрвин од оние за кои беше наменет, матурантите, а потоа и од страна на директорите на средните училишта и професорите.

Во октомври 2005 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу МОСТ и Министерството за образование и наука. Во годините што следеа, проектот се спроведуваше со активен Меморандум за соработка со Министерството за образование и наука, но она што беше крајна цел на проектот е целосно инкорпорирање на материјата во редовниот образовен наставен програм.

Имплементацијата на проектот предвидуваше сериозна координација, логистичка поддршка како и комуникација со средните училишта од сите градови во Република Македонија. Сепак, тоа што навистина радува е фактот дека огромен број млади луѓе беа дел од работилниците и преку еден методолошки адаптиран пристап интерактивно се запознаваа со изборниот процес како и со предностите од тоа да се биде активен граѓанин.

Цел на проектот
Општа цел на проектот беше да допринесе кон подобрување на знаењето на оние гласачи кои ќе гласаат за прв пат, за нивните права и одговорности во однос на изборите  и на важноста да се биде активен граѓанин, преку континуирано градење на капацитетите на формалниот образовен систем.

Специфични цели на проектот

  • Едукација на гласачите кои гласаат за прв пат за изборните процеси и активното граѓанство;
  • Подигнување на свеста кај гласачите кои гласаат за прв пат  за прашања поврзани со семејното гласање и гласање во име не друг;
  • Пренесување на капацитетите и знаењата во формалниот образовен систем во земјата.

Период на имплементација
Учебна година 2004/2005 –Учебна година 2010/2011

Достигнувања

  • Едуцирани вкупно 23 639 средношколци кои ќе гласаат за прв пат;
  • Спроведени 871 работилници во 104 средни училишта низ целата држава;
  • Продуцирани и дистрибуирани Прирачник Прв пат гласам, Лексикон Прв пат гласам, како и флаери за семејно гласање и гласање во име на друг;
  • Обучени повеќе од 20 обучувачи вклучени во работилниците;
  • Потпишан Меморандум за соработка со Министерството за образование и наука.

Клучно остварување на овој проект беше постигнувањето на целосна одржливост и институционализација. Темите кои беа опфатени во работилниците беа вклучени во рамките на наставната програма, имено Министерството за образование и наука донесе одлука за изменување и дополнување на наставната програма по предметот граѓанско образование за 4 година за сите струки и профили на стручно образование .

Овој проект беше финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија, Норвешка народна помош, Амбасадата на Кралството Холандија, Програмата за развој на Обединети Нации и Европската Унија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction