Центар за застапување

Центар за застапување

Општи податоци за проектот
МОСТ верува дека „Активни граѓани за зајакнуваат демократијата“, токму поради тоа спроведува активности за и со граѓаните.
Застапувањето се уште не е доволно разбрано и практикувано во нашата земја. Во изминатиот период граѓаните имаа можност да бидат сведоци на неколку кампањи за застапување.   Сепак, државата и сите значајни учесници како Владата, Собранието, граѓанските организации, бизнис заедницата и интересните групи, мора да создадат средина каде што правилата ќе бидат јасни.
Во таа насока, од август 2009 година, работи и Центарот за застапување.
Центарот за застапување е проект на МОСТ, и продолжување на проектот “Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собранието на Република Македонија”, кој што исто така го спроведуваше МОСТ. Целокупните ресурси на оваа канцеларија – веб страната,  електронската библиотека, истражувањата и анализите како и форумот, му припаѓаат на Центарот за застапување. Во тој поглед, услугите кои Канцеларијата ги нудеше се движечката сила на Центарот. Освен тоа, сите контакти и односи кои Канцеларијата и МОСТ ги воспоставија во изминатите години на активна работа на ова поле, се ставени на располагање на Центарот за застапување.

Цел на проектот
Целта на Центарот за застапување е да придонесе кон поинформирани и поактивни граѓани и кон постојана општествена партиципација во процесите на креирање политики и донесување одлуки.

Специфични цели

  • Зајакнување на капацитетот на учесниците во областа на Застапување и Лобирање преку тренинзи и споделување на експертизи;
  • Подигнување на свеста на учесниците за нивните права и одговорности  како активни граѓани и за можностите за нивно вклучување;
  • Информирање на релевантните учесници за можностите за нивно вклучување во процесите на креирање политики и донесување одлуки.

Овој проект е финансиски подржан од страна Балканскиот Фонд за Демократија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction