Избирачки список на интернет

Избирачки список на интернет

Во 2006 започна да се спроведува проектот „Избирачки список на интернет“. Проект со кој Македонија стана прва земја во регионот која им овозможи на своите граѓани пристап до нивните податоци преку интернет.

Основната цел на проектот беше обезбедување на лесен пристап до Избирачкиот список од страна на сите гласачи во земјава. Активноста ја зголеми транспарентноста и позитивно влијаеше врз изборните процеси. Точноста на Избирачкиот список, довербата на граѓаните во истиот, односно транспарентноста обезбедена преку полесниот пристап е од особено значење за легитимитетот на изборите.

Проектот даде значајни долгорочни резултати:

  • Се создаде моќна алатка за лесен пристап до Избирачкиот список www.izbirackispisok.gov.mk;
  • Беше воспоставена методологија за ефикасно ажурирање на Избирачкиот список;
  • Се зголеми транспарентноста на изборниот процес и довербата во истиот;
  • Даде придонес кон градење на капацитетот на државните институции и државната администрација, со тоа што Министерството за Правда, како партнер во проектот ја презеде одговорноста за понатамошно ажурирање на Избирачкиот список на интернет.


Избирачкиот список на интернет денес е инкорпориран во капацитетите на Државната изборна комисија.

Овој проект беше финансиски подржан од Норвешка Народна Помош

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction