Домашно набљудување на предвремените избори за градоначалник на Општина Сарај 2011

Домашно набљудување на предвремените избори за градоначалник на Општина Сарај 2011

Општи податоци за проектот
Претседателот на Собранието на РМ, г-дин Трајко Велјановски , на 4 октомври 2011 донесе решение за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Сарај. На 13 октомври 2011, Државната изборна комисија одржа седница  на која го донесе роковникот за извршување на изборни дејствија. Изборите беа закажани за 18 декември 2011.

Овие избори се распишани поради фактот што градоначалникот на општината, г-дин Блерим Беџети, беше избран за пратеник во Собранието на РМ на предвремените парламентарни 2011 година. Подоцна, г-динот Беџети беше предложен и изгласан за Министер за правда во рамките на Владата на РМ формирана по изборниот процес.

Цел на проектот
Придонес кон транспарентен изборен процес за градоначалник на Општина Сарај, преку непартиско набљудување на сите сегменти на изборниот процес.


Проектни активности

  • Набљудување и известување за однесувањето на учесниците/кандидатите во предизборниот период;
  • Регрутирање и обука на волонтери за домашни набљудувачи на изборите;
  • Набљудување на денот на гласање;
  • Набљудување на можното прегласување и втор круг на изборите;
  • Набљудување на работата на Државната изборна комисија и на Општинската изборна комисија;
  • Информирање на јавноста.

Период на имплементација
Декември 2011 – јануари 2012

Овој проект е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction