Водичи за граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа

Општината постои за да одговори на интересите и да ги сервисира потребите на граѓаните

Остварувањето на правото на локална самоуправа е гарантирано со Уставот на Република Македонија и со Законот за локална самоуправа. Вклученоста на граѓаните во локалната самоуправа и децентрализацијата се заемно поврзани процеси.

Според поимникот даден во Законот за Локална Самоуправа “Непосредно учество на граѓаните” е поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во носењето одлуки за работи од локално значење во различни нивоа на решавање.

Во оваа насока и во рамките на програмата на МОСТ “Локална самоуправа”, членовите на оваа програма во соработка со експерти од ова поле ги развија “Водичите за граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа”. Водичите имаат за цел да ги претстават на граѓаните и општинската администрација можностите за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки и креирање политики на локално ниво.

Градењето на нераскинливата врска меѓу граѓаните и локалната власт не се остварува само преку изборот на претставници на граѓаните на локално ниво. Овој однос треба да се гради и да се негува секојдневно.

Само континуиран двонасочен канал на комуникација меѓу граѓаните и општината, може да произведе квалитетни одлуки на локално ниво и висок степен на соработка и демократија, а со тоа и подобрување на квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните.

Водичот за граѓани, граѓански организации, неформални групи граѓани и граѓански иницијативи, претставува ресурс којшто дава преглед на надлежностите на локалната самоуправа, како и на алатките и на институционалните механизми за граѓанско учество и вклученост во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво.

Од друга страна, Водичот наменет за општинската администрација, претставува ресурс кој дава преглед на алатките и институционалните механизми кои можат да бидат употребени од страна на општинската администрација со цел да ги вклучат граѓаните во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво во рамките на надлежностите на локалната самоуправа.

Покрај едукативните елементи, овие Водичи ќе допринесат важноста од вклучување на граѓаните во политичките процеси на локално ниво да биде подобро разберена.

Водичите се составени од практични примери кои ја опишуваат врската помеѓу институционалните механизми за граѓанско учество во политичките процеси на локално ниво како и надлежностите на општините предвидени со законите.

 

Граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа – Водич за граѓани 2011


Граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа – Водич за општинска администрација 2011

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction