Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2020

Цел на проектот: Придонес кон транспарентен изборен процес, преку непартиско набљудување на сите негови сегменти.

Специфични цели на проектот:

  • Да обезбеди учество на граѓаните во процесот на непартиско набљудување на изборите;
  • Да ja подигне свеста кај граѓаните за нивните права како гласачи;
  • Да осигура почитување на Изборниот законик и изборното законодавство, човековите права и постапката на спроведување на гласањето на избирачките места

Проектни активности:

  • Воспоставување на мрежата на МОСТ за спроведување на проектните активности
  • Редовни брифинзи и дебрифинзи со регионалните координатори
  • Набљудување на изборната кампања (активностите на политичките партии, државните и јавните институции на централно и локално ниво, единиците на локалната самоуправа и др.).
  • Набљудување на работата на изборната администрација (Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, избирачките одбори);
  • Регрутирање и обука на волонтери за домашно набљудување на изборите;
  • Набљудување на денот на гласање (набљудувачи на избирачките места, мобилни тимови, и набљудувачи во ОИК и ДИК);
  • Набљудување на периодот по гласањето;
  • Информирање на јавноста за резултатите од набљудувањето на изборите
  • Анализирање на извештаите и издавање на Финален извештај.

Во рамките на проектот МОСТ ќе покрие 695 избирачки места во Република Северна Македонија односно 20% од вкупниот број на избирачки места. МОСТ исто така на денот на избори ќе има и 55 мобилни тимови ни територијата на РСМ како и 80 набљудувачи кои ќе ја набљудуваат и работата на Општинските Изборни Комисии.

Проектот „Домашно набљудување на превдремените парламентарни избори 2020“ е поддржан од: Британската Амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и Швајцарската Агенција за Развој и Соработка.

НОВОСТИ:

јули 17, 2020 in Домашно набљудување

ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА 17.07.2020, Скопје   ИЗБОРИТЕ ПОМИНАА ВО ФЕР И…
Прочитај повеќе
јули 15, 2020 in Домашно набљудување

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 00:45 часот

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 00:45 часот 15.07.2020, Скопје   Граѓанската…
Прочитај повеќе
јули 15, 2020 in Домашно набљудување

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 19:00 часот

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 19:00 часот 15.07.2020, Скопје Според потврдените…
Прочитај повеќе
јули 15, 2020 in Домашно набљудување

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 15:00 часот

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 15:00 часот 15.07.2020, Скопје Според потврдените…
Прочитај повеќе