Домашно набљудување

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 19:00 часот

By July 15, 2020 No Comments

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 19:00 часот
15.07.2020, Скопје

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното:
• ГМ 0102, во Битола, гласач со попреченост гласал со подвижен параван, откако го отстранил параванот, ИО увидел дека на подот има гласачко ливче од тоа ГМ. Пронајденото ливче било поништено, бил направен записник, а гласањето било прекинато во период од 30 минути.
• ГМ 0755, с. Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. Била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:
ИЕ 1 – до 15 часот – 35,93%, до 16 часот – 39,29%, до 17 часот – 42,31%, до 18 часот – 45,13%
ИЕ 2 – до 15 часот – 31,78%, до 16 часот – 34,88%, до 17 часот – 37,88%, до 18 часот – 41,06%
ИЕ 3 – до 15 часот – 37,27%, до 16 часот – 40,45%, до 17 часот – 43,95%, до 18 часот – 47,64%
ИЕ 4 – до 15 часот – 37,87%, до 16 часот – 41,71%, до 17 часот – 45,83%, до 18 часот – 50,25%
ИЕ 5 – до 15 часот – 33,10%, до 16 часот – 36,44%, до 17 часот – 39,56%, до 18 часот – 42,70%
ИЕ 6 – до 15 часот – 24,78%, до 16 часот – 28,23%, до 17 часот – 31,19%, до 18 часот – 33,97%
Терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите дополнително ќе биде објавен.
# # # # #

Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2020“ е поддржан од: Британска амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ тел. 02/ 30 99 384

Leave a Reply