Свесните и активни граѓани водат кон одговорна власт,што е пак основа за одржливо и демократско градење на општеството во Македонија, регионот и светот.

ИСТОРИЈА
Граѓанската асоцијација МОСТ е домашна, невладина и непартиска организација, оформена во 2002 година од претставници на 20 граѓански организации од цела Македонија. Граѓанската асоцијација МОСТ денес е препознатлива по нејзината непристрасност, кредибилитет, веродостојност, професионализам и добро управување.