25.Sep.2017

Во функција на спроведување фер и слободни избори во  Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и денот на гласањето ќе ангажира околу 2000 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.

 

За таа цел, МОСТ ги повикува граѓаните, лично, да се пријават во 18те регионални канцеларии, низ целата држава. Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 17:30 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии ќе можат да се пронајдат на интернет страницата на МОСТ.

 

За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а истите потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.

 

Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ  може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.

 

Како и изминатите години така и оваа, Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување на изборите.

 

 Во рамки на проектот активна е и интернет платформата http://neregularnosti.most.org.mk, каде што граѓаните ќе можат да ги пријават сите евентуални нерегуларности. Дополнително, отворена е и e-mail адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. Како и секоја година така и оваа активна е и бесплатната телефонска линија, 080 080 080. 

Бесплатна телефонска линија за

пријавување на нерегуларности

080 080 080

 

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

 

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

 

 

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, тел. 02/30 99 384

 

Read 3918 times Last modified on Tuesday, 26 September 2017 13:34
Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction