Иницијатива за законодавни реформи

Иницијатива за законодавни реформи

Цел
Целта на иницијативата е да работи кон подобрување на изборната легислатива, изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности.

Специфични цели

  • Формирање и координирање на тркалезни маси и работни групи;
  • Подготовка на Предлог Изборен законик и неговиот финален предлог;
  • Донесување на Предлог Изборен законик преку интензивно лобирање;
  • Подготовка на амандмани и коментари на Изборниот законик.

Постигнувања
Во 2004 година беше потпишан Меморандум за соработка со Министерството за правда. Организирани беа 4 тркалезни маси на кои беа поканети и земаа учество домашни и меѓународни експерти, претставници на сите политички партии и релевантни државни институции кои се поврзани со изборите. Целта на тркалезните маси беше да иницира јавна дебата и да ги детектира проблематичните прашања и слабости на изборниот процес. После нив, се оформи работна група со цел да издаде препораки за подобрување на изборната легислатива врз основа на извештаите од тркалезните маси.

Во 2005 беше формирана работна група со претставници од сите државни институции кои се вклучени во изборите ( Министерство за павда, Државната изборна комисија, Државниот завод за статистика, Државен завод за ревизија, Врховен Суд и др.), претставници на сите парламентарни партии, граѓански организации и експерти. Работната група го подготви Предлог Изборниот законик. По ова беа организирани 3 јавни сослушувања со цел да се вклучат мислењата од сите засегнати страни. По препораките од јавните сослушувања, работната група го подготви финалниот предлог Изборен законик кој Собранието на РМ го изгласа во март 2006.

Во 2007 МОСТ ја продолжи својата работа во полето на законски реформи. Потпишан беше договор помеѓу МОСТ, Министерството за правда и ОБСЕ. Работилници на 3 различни теми беа организирани. Темите беа: Државна изборна комисија, изборни нерегуларности и финансирање на изборни кампањи. По нив беше формирана работна група во која учествуваа: пратеници од Собранието на РМ, претставници од релевантни државни институции, претставник од МОСТ, претставник на ОБСЕ Мисијата во Скопје и 2 локални експерти. Работната група подготви амандмани на Изборниот законик и дел од нив беа прифатени од Собранието во октомври 2008.

Во 2009 МОСТ фацилитираше работна група составена од 3 домашни и 1 меѓународен експерт, кои изготвија Коментари на Изборниот законик, прва публикација од ваков вид во Македонија. Оваа публикација вклучуваше препораки од меѓународни организации поврзани со изборите, како и препораки од ОБСЕ и МОСТ насочени кон понатамошно подобрување на изборната легислатива.
Во 2009 и 2010 година МОСТ беше дел од работните групи организирани од страна на Секретаријатот за Европски интеграции при Владата на РМ со цел да се изготват нови амандмани на Изборниот законик во согласност со препораките на ЕУ, по проблематичните избори во 2008 и изборите во 2009. Во овие работни групи МОСТ беше единствен учесник од граѓанскиот сектор, еднаков со сите останати претставени институции. Последните амандмани на Изборниот законик беа прифатени во април 2011 година.

Клучни постигнувања

  • Подобрена изборна легислатива (Изборен законик) компатибилен со меѓународните изборни стандарди и добри практики;
  • Издаден Коментар на Изборниот законик;
  • Подобрен квалитет на изборниот процес;
  • Зајакнат институционалниот капацитет и зајакнат капацитетот за ЕУ интеграција.

Овој проект е финансиски Норвешка народна помош, Шведски Хелсиншки комитет за човекови права, ОБСЕ Набљудувачката Мисија во Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction