Мобилен Парламент

Мобилен Парламент

Општи податоци за проектот
Демократијата како процес, сама по себе претставува владеење на мнозинството од народот и таа најдобро функционира кога граѓаните се информирани и вклучени во процесите на донесување одлуки.

Основната функција на пратениците, застапување и претставување на интересите на граѓаните, преку донесување на закони кои ќе ги отсликуваат нивните потреби, како да беше подзаборавена.

МОСТ реши да им помогне на граѓаните да се доближат до своите избраници во законодавниот дом, да воспостави начини на меѓусебна комуникација и да ги поттикне граѓаните да дадат свој придонес во решавањето на проблемите.

За таа цел, МОСТ, почна со реализација  на  проектот  “Мобилен Парламент“.

Цел на проектот
Целта на овој проект беше едукација на граѓаните за нивните права и обврски помеѓу два изборни циклуса, нивно вклучување во процесите на донесување одлуки, зголемување на одговорноста на народните избраници кон граѓаните и зајакнување на врската/ релацијата помеѓу пратениците и граѓаните.

Специфични цели

  • Зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните претставници кон граѓаните;
  • Зголемување на улогата на граѓаните во процесот на донесување на одлуки  и подобрување на комуникацијата помеѓу граѓаните и пратениците;
  • Зголемување на свеста на граѓаните за нивните права и обврски во периодот помеѓу два изборни циклуси.


Период на имплементација
Април 2003 – Февруари 2008

Достигнувања

  • Организирани 93 средби со учество на повеќе од 3500 граѓани, 211 пратеници од 2 различни парламентарни состави и 48 претставници од единиците на локалната самоуправа;
  • Донесена одлука на Владата за изградба на патната мрежа Скопје - Порече (препорака од јавната средба одржана на 07.12.2007 година во Скопје)
  • Поднесени две измени и дополнувања на Буџетот на Р Македонија и поставено едно пратеничко прашање во однос на свлечилиштето Рамина како препорака од јавната средба во  Велес (25.12.2006);
  • Поставено пратеничко прашање до Владата врз основа на јавната средба одржана во Радовиш(23.07.2007). Исто така донесена е одлука од страна на Владата да одвои средства за реконструкција на училиштето кое беше една од темите на јавната средба;
  • Поднесени  две измените на Буџетот на Р Македонија со цел да се поддржи изготвувањето  на генералните и деталните урбанистички планови за Крива Паланка и Коридорот 8. На истата тема поднесени се и три пратенички прашања од страна на пратеникот Благородна Цветковска како резултат од јавната средба одржана во Крива Паланка (14.12.2007);
  • Поднесени две измени и дополнувања на Буџетот на Р Македонија со цел решавање на инфраструктурните проблеми/ патот во Гази Баба-ИЕ Скопје 2 (изградба на пешачка и велосипедски патеки на главниот пат).

Клучно достигнување  на проектот беше постигнувањето на  целосна одржливост и институционализација. Во 2007 година Собранието на РМ формираше постојани канцеларии на пратениците  за контакт со граѓаните.


Овој проект беше финансиски подржан од  Канадската Агенција за Меѓународен развој, Балканскиот Фонд за Демократија, од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) преку Институтот за трајни заедници (ИТЗ) и Амбасадата за Кралството на Холандија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction