Пат во Европа

Патуваме во Европа

Општи податоци за проектот
Потребата за реализирање на проектот ПАТУВАМЕ ВО ЕВРОПА произлегува од очигледната неможност на младата генерација, од прва рака да се запознае со фактите и искуствата на Европа. Најголем дел од младите луѓе, студенти на Универзитетите во Македонија, кои што треба да бидат носители на развојот на земјата во наредните години, па и декади, никогаш ја немаат напуштено Македонија.

„Патуваме во Европа” е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово.

Цел на проектот
Мисијата на проектот е студентите од Македонија, преку патување, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури на земјите од Европа, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија во Европа.

Специфични цели

  • Младата академска популација од Македонија да има можност да ги запознае земјите, градовите и културата во Европа, по сопствен избор;
  • Тие да бидат мисионери, кои ќе шират културен дијалог и размена, а во исто време пред граѓаните на Европа ќе ја претстават Македонија;
  • Декларативната ориентација кон Европа, засилена со кандидатскиот статус, повеќе да не биде само фраза, туку да помине во искуство на најдиректен начин, а од сето тоа корист да имаат носителите на иднината на земјава;
  • Подигање на нивото на свесност помеѓу младите за важноста од успешно образование, кое во поширока смисла може да влијае на изместените вредности настанати како резултат на транзицијата. Оваа активност ќе ја интензивира промоцијата на образованието, како начин да се успее во животот;
  • Интелектуалната и културната елита на земјава да биде збогатена со значаен број на млади луѓе, кои во својата средина компетентно ќе можат да ја претстават Европа и вредностите на Европската идеја;
  • Не помалку важна цел на проектот е претставување на позитивна Македонија пред граѓаните на Европа.

Период на имплементација
Мај 2007 – Септември 2007
Јуни 2008 – Ноември 2008
Јуни 2009 – Ноември 2009
Јуни 2010 – Октомври 2010
Мај 2011 – Октомври 2011

Достигнувања

  • Повеќе од 100 студенти од Македонија поминаа 1 месец во Европа разменувајќи искуства и запознавајќи се со европските вредности;
  • Повеќе од 30000 Европејци добија брошури кои ја промовираат Македонија;
  • Позитивна презентација на Македонија пред граѓаните на Европа;
  • Создадена група од млади и едуцирани луѓе, запознаени со основните демократски вредности на ЕУ и процесот на ЕУ интеграција.

Овој проект беше финансиски подржан од Фондацијата Роберт Бош преку Балканскиот Фонд за Демократија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction