Цел на проектот: Придонес кон транспарентен изборен процес, преку непартиско набљудување на сите негови сегменти.
Специфични цели на проектот:
- Да обезбеди учество на граѓаните во процесот на непартиско набљудување на изборите;
- Да ja подигне свеста кај граѓаните за нивните права како гласачи;
- Да осигура почитување на Изборниот законик и изборното законодавство, човековите права и постапката на спроведување на гласањето на избирачките места
Проектни активности:
- Воспоставување на мрежата на МОСТ за спроведување на проектните активности
- Редовни брифинзи и дебрифинзи со регионалните координатори
- Набљудување на изборната кампања (активностите на политичките партии, државните и јавните институции на централно и локално ниво, единиците на локалната самоуправа и др.).
- Набљудување на работата на изборната администрација (Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, избирачките одбори);
- Регрутирање и обука на волонтери за домашно набљудување на изборите;
- Набљудување на денот на гласање (набљудувачи на избирачките места, мобилни тимови, и набљудувачи во ОИК и ДИК);
- Набљудување на периодот по гласањето;
- Информирање на јавноста за резултатите од набљудувањето на изборите
- Анализирање на извештаите и издавање на Финален извештај.
Во рамките на проектот МОСТ ќе покрие 695 избирачки места во Република Северна Македонија односно 20% од вкупниот број на избирачки места. МОСТ исто така на денот на избори ќе има и 55 мобилни тимови ни територијата на РСМ како и 80 набљудувачи кои ќе ја набљудуваат и работата на Општинските Изборни Комисии.
Проектот „Домашно набљудување на превдремените парламентарни избори 2020“ е поддржан од: Британската Амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и Швајцарската Агенција за Развој и Соработка.
НОВОСТИ:
ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА
ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА 17.07.2020, Скопје ИЗБОРИТЕ ПОМИНАА ВО ФЕР И…
Прочитај повеќе
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 00:45 часот
ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – 00:45 часот 15.07.2020, Скопје Граѓанската…
Прочитај повеќе